Серија Vinidor: Зголемениот преглед ја покажува поделбата на температурните зони.

Серија Vinidor: Зголемениот преглед ја покажува поделбата на температурните зони.

Vinidor серија

Апаратите Vinidor располагаат со два или три сефови за вино кои се независни еден од друг и можат да се наштелуваат на температура од +5°C до +20°C. Ова овозможува најголема флексибилност при употреба. На тој начин во апаратот можат истовремено да се чуваат црвени вина, бели вина и шампањ на температура која најмногу одговара за бидат послужени. Но и за долгорочно складирање на вината ладилниците од серијата Vinidor создаваат идеални климатски услови. Со различни големини на сефовите за вино и флексибилното регулирање на температурата овие апарати одговараат на секој индивидуален вински асортиман.

Ладилници за вино за идеална температура на складирање: Зголемениот преглед ја покажува поделбата на температурните зони.

Ладилници за вино за идеална температура на складирање: Зголемениот преглед ја покажува поделбата на температурните зони.

Ладилници за вино за идеална температура на складирање

Ладилниците за вино за идеална температура на складирање создаваат слични услови за складирање како во винска визба. Во целата внатрешност владее константна температура, која се управува електронски. На тој начин ладилниците за вино за идеална температура на складирање се прилагодуваат оптимално за долгорочно складирање и зреење на вината. Со флексибилен избор на температура од +5°C до +20°C тие овозможуваат поголем избор на шишиња вино да бидат спремни за дегустација на идеална температура. Во сериите GrandCru и Vinothek Liebherr нуди различни големини и опрема.

Ладилници за вино за идеална температура на служење: Зголемениот преглед ја покажува поделбата на температурните зони.

Ладилници за вино за идеална температура на служење: Зголемениот преглед ја покажува поделбата на температурните зони.

Ладилници за вино за идеална температура на служење

Ладилниците за вино за идеална температура за складирање од серијата Vinothek се особено погодни за складирање разни вина на идеална температура на сервирање. Преку употреба на специјални компоненти, се достигнува саканата температурата. На тој начин во горниот дел може да се складираат црвени вина на температура од, на пример, +18°C. На температура од +5°C, долниот дел е особено погоден за служење на пенливо вино или шампањ. Делот помеѓу е идеален за бели вина, кои треба да се чуваат на температура на служење.