Дизајнерски визии во духот на времето

Развојот на дизајнот и производите секогаш е во контекст на социјалниот и општествениот развој. Актуелните трендови како индивидуализацијата, порастот на животниот век, свесноста за здравјето, мобилноста, дигиталното вмрежување и урбанизацијата ги оформуваат потребите на нашите потрошувачи и постојано навлегуваат во развојот на нашите производи.

Светлечките инсталации CoolVision покажуваат какви ефекти може да создаде светлото.

Светлечките инсталации CoolVision покажуваат какви ефекти може да создаде светлото.

Некои од студиите за дизајн и прототиповите подоцна се произведуваат во серија како DesignEdition, другите ни даваат поттик да го посматраме ладилникот од поинаков агол. Со светлечките инсталации CoolVision Liebherr покажува креативни можности налик на светлечко сценско шоу.

CoolVision – со поглед кон иднината

Ладилникот се одредува прекунеговата функција: иновативни технологии за ладење и замрзнување, кои за нас значат постојано подобрување. За да се развијат носечки идеи за иднината потребни се визии. „CoolVision“ на Liebherr значи игрива интеракција и експериментирање со бои, форма и материјал како и соработка со дизајнери, уметници и млади таленти. Вистински иновации настануваат поради флексибилноста и подготвеноста техниката и материјалот да се гледаат од поинакви перспективи. Од овие сознанија развиваме идеи и студии за дизајн кои ги презентираме на саеми како што се IFA и Futura.

Експериментирање со материјалите: Реализиран прототип со градежен материјал бетон

Експериментирање со материјалите: Реализиран прототип со градежен материјал бетон

Бетонот се преобрази од функционален градежен материјал во популарен елемент во дизајнот. Причина повеќе за Liebherr да го искористи како суровински материјал. Така при развој на дизајнот се реализираа и пробни прототипови во комбинација со дрво, метал налик на ’рѓа и со кожа. На практичниот тест материјалите како што се стаклото и црниот облагороден челик се покажаа најубедливи за производство како DesignEdition во серија.

Дизајнот ставен на практичен тест

Производите на Liebherr имаат особено долготрајна вредност. Со цел да ги задоволиме нашите високи стандарди за квалитет, секој дизајн го мериме според корисноста и едноставноста за употреба за нашите клиенти. Дали му се допаѓа апаратот на потрошувачот? Дали дизајнот ги следи актуелните трендови, а притоа останува долговечен? Дали материјалот се докажува при секојдневна употреба? Пред еден апарат да почне да се произведува во серија, ги тестираме дизајнот и секоја одделна компонента. На овој начин нашите апарати на крајот не само што се визуелно привлечни и изработени од висококвалитетни материјали туку и соодветни за секојдневна употреба, едноставни за чистење и интуитивни за употреба.

Патентираната рачка ги обединува практичната функционалност и привлечниот дизајн.

Патентираната рачка ги обединува практичната функционалност и привлечниот дизајн.

Бескомпромисни до најмал детаљ

Независно дали како комбиниран или како компактен апарат: Ние ги вреднуваме ситните, но одлучувачки детали – тоа се однесува и на техниката и на дизајнот. Пример за бескомпромисната конфронтација на корисноста и дизајнот: патентираната рачка. Тука се соединија формата и функцијата. Рачката од облагороден челик е особено ергономска; паметниот механизам го поедноставува отворањето на вратата од ладилникот. Со цел облагородениот челик да остане врвен во изгледот, со технологијата SmartSteel нудиме посебен начин на облагородување на горниот површински слој, кој го штити челикот од траги на отпечатоци од прсти и го прави особено едноставен за чистење.

Комфор

При развојот на апарати за ладење и замрзнување Liebherr се ориентира на потребите на своите клиенти. Како резултат на тоа, се добиваат удобни уреди коишто го олеснуваат животот. Комфорни функции

Видео

Сеопфатното тестирање Liebherr го спроведува во специјални соби за мерење на температурата, соба за мерење на звук и институции за тестирање механичко оптоварување.

За врвен квалитет Liebherr ги тестира сигурноста и функционалноста на дизајнот и техничките компоненти уште во текот на процесот на развој. Пушти видео

Сеопфатното тестирање Liebherr го спроведува во специјални соби за мерење на температурата, соба за мерење на звук и институции за тестирање механичко оптоварување.