Повеќе од ладилник

Функционален крадец на погледи: Кој ја разбира кујната како отворен дневен простор, тој очекува неговиот ладилник да биде во хармонија со дневниот амбиент. Оправдано, при развој на производот го земаме предвид влијанието на апаратот во интеракција со материјалите, формите и пропорциите. Резултатот на тоа се апарати кои ги збогатуваат просториите со избалансиран концепт за осветлување, врвни материјали и хармоничен дизајн.

Двокрилниот ладилник е потврда за врвен дизајн во вистинска хармонија со сивите кујнски површини.

Двокрилниот ладилник е потврда за врвен дизајн во вистинска хармонија со сивите кујнски површини.

Влијанието на светлото во просторот

Светлото во внатрешниот простор му служи на хомогеното ниво на осветлување во апаратот. Токму затоа развивме специјален концепт за осветлување кој изгледа помалку студено од обичните LED-светилки и, бидејќи е интегриран во внатрешноста, зафаќа помалку простор. Складираните прехранбени производи се капат во пријатна светлина. Кај апаратите кои се опремени со стаклени врати внатрешното осветлување може дополнително да се регулира и да се користи како амбиентално светло.

Апаратот од облагороден челик прави убав контраст со бела лакирана кујна и дрвен под.

Апаратот од облагороден челик прави убав контраст со бела лакирана кујна и дрвен под.

Апарати со посебен формат

Дополнителен простор за ставање пијалаци и оптимални услови за складирање пури ви нудат нашите компактни апарати. Независно дали самостојни или ѕидни: Тие се така создадени да можат да се вметнат во ентериерот како мебел со функција за ладење. Од друга страна, пак, вистинска потврда за врвен дизајн е волуменозниот двокрилен ладилник од облагороден челик. Тој ги поврзува техничката иновација со елегантната изведба на линиите. Транспарентната стаклена врата на интегрираниот вински ладилник вешто ѝ се спротивставува на надворешноста од облагороден челик. Дополнителна потврда за дизајн за големи кујни и мансарди е стаклената врата. Со неговите големи, практични фиоки и двокрилните врати тој претставува модерна технологија во просторот.

Полиците од природно буково дрво се одлика на внатрешната опрема на ладилниците за вино.

Полиците од природно буково дрво се одлика на внатрешната опрема на ладилниците за вино.

Природни материјали во внатрешноста

Суровите материјали како дрво не само што се особено издржливи туку и создаваат убав амбиент за домување. Токму затоа ги употребуваме во внатрешноста на апаратите со стаклени врати. Во нашите ладилници за вино црвеното вино, белото вино и розето се чуваат на полици од природна бука. Шпанскиот кедар во хумидорот овозможува оптимални услови за складирање. Во ладилниците и замрзнувачите голем дел од внатрешната опрема се состои од сигурносно стакло отпорно на гребење и кршење, погодно за миење во машина за садови.

Компактни апарати

Ексклузивни пури, благородни вина, свежо изладени пијалаци – компактните уреди од Liebherr овозможуваат идеален простор за значително задоволство. Компактни апарати

Ладилници за вино

Елегантна надворешност и иновативни технологии: Ладилниците за вино на Liebherr се репрезентативни и овозможуваат оптимални услови за складирање вино.

Двокрилни ладилници

Моделите на двокрилни ладилници на Liebherr ги комбинираат предностите на ладилникот и замрзнувачот, се пространи и нудат многу удобни дополнителни додатоци.