Ознаки за споредба на потрошувачката

Главно, важи следното: Колку што е „позелена“ енергетската класа толку е помала сметката за струја.

Главно, важи следното: Колку што е „позелена“ енергетската класа толку е помала сметката за струја.

Етикетата дава информации за податоците на производите како што се потрошувачка на струја, волумен и емисија на бучава. Со тоа таа овозможува брза споредба во рамките на една производна категорија.

Ширум светот постојат различни етикети за енергетска ефикасност. Апарат во САД означен со етикета Energy Star троши 20-30 проценти помалку енергија отколку што е законски пропишано. Energy Star е присвоена од повеќе земји во светот но, сепак, законските прописи и критериуми прилично се разликуваат. Од друга страна, Етикетата за енергетска ефикасност на ЕУ која важи за сите земји-членки на Европската унија им овозможува на потрошувачите да ги разликуваат нивоата на потрошувачка со задолжителни категории. Ознаката беше воведена во средината на 1990-те години и оттогаш редовно се ажурира.

Со цел да бидат јазично неутрални, разбирливи и едноставни за споредување, сите важни карактеристики се прикажани со пиктограми.

Подобро разбирање на Етикетата за енергетска ефикасност на ЕУ

Со основањето на Европската унија земјите-членки се обврзаа заеднички да ја заштитат животната средина. Една од стратегиите: Наднационалната обврска за означување на енергетската ефикасност на апаратите за домаќинство овозможува директна споредба и ги поттикнува произведувачите да развиваат сѐ поштедливи апарати.

  • 1998: Со воведувањето на етикетите на ЕУ во Германија енергетската ефикасност стана дополнителен важен критериум за купување, бидејќи сега постои можност да се направи едноставна споредба меѓу потрошувачката и перформансите.
  • 2010: На почетокот етикетата за енергетската ефикасност се наоѓаше само на ладилниците и замрзнувачите, како и на машините за перење и машините за садови, а сега ја има и на другите апарати за домаќинство. Поради огромните разлики во рамките на досега најдобрата класа на енергетската ефикасност А се воведоа и класите А+, A++ и А+++ .
  • 2011: Европската унија ги обврзува трговците да ги означуваат ладилниците и замрзнувачите со новата етикета.
  • 2012: Смеат да се произведуваат ладилници и замрзнувачи само со класа А+ или со повисока класа на енергетска ефикасност.
  • Европската комисија работи на нова класификација, бидејќи потрошувачката на некои апарати се наоѓа значително под А+++ и тие повеќе воопшто не можат да бидат опфатени и се неспоредливи.

Етикетата за енергетска ефикасност на ЕУ ја прикажува енергетската класа преку прегледна скала во боја од црвено до темно зелено. Освен тоа, кај ладилниците и замрзнувачите дава информации за годишната потрошувачка на енергија како и корисниот волумен на различните прегради за складирање и нивните најниски температури. Ознаката дава информации и за емисиите на бучава.

Што помал апарат, толку помала потрошувачка. Последователно, апаратите може навистина да се споредат само во рамките на истата категорија т.е. мора да бидат слични по волумен, вид и опрема. Што се однесува до потрошувачката на струја, во рамките на една производна категорија честопати се појавуваат значително големи разлики. Колку што е повисока енергетската класа, толку е повисок и потенцијалот за штедење.

Но, енергетската класа не значи само финансиско олеснување. Употребата на штедливи апарати ги штеди енергетските ресурси и ги минимизира емисиите на CO2.

Во минатото големите произведувачи од индустријата за прехранбени производи развија сопствени стандарди и ги сертифицираа апаратите согласно истите. Притоа перформансите и потрошувачката на енергија беа заедно оценувани.

Во однос на растечките трошоци енергетската ефикасност игра значително важна улога при складирањето на производите и производството во индустријата. Моментално се работи на создавање етикета за енергетска ефикасност за индустријата.