Споредбата е исплатлива

Ладилниците и замрзнувачите се употребуваат постојано и се застапени со околу 15 проценти од вкупната потрошената енергија во сметката за струја. Оттука, сѐ повеќе потрошувачи при купување внимаваат на класата на енергетска ефикасност. Особено ефикасен е апарат, кој и покрај високите перформанси во споредба со друг, троши малку енергија. Класификациите и етикетите за енергетска ефикасност како што е ЕУ-Етикетата за енергетска ефикасност даваат информација за потрошувачката на енергија и за карактеристиките на апаратите и со тоа овозможуваат да се направи споредба меѓу апаратите.

Штедење без да се откажете од комфор

Liebherr беше еден од првите произведувачи во Европа кој разви и пласираше на пазарот ладилници и замрзнувачи со највисока класа на енергетска ефикасност А+++ . Освен на енергетската ефикасност при развојот на производите внимаваме и на комфорот. Паметните карактеристики ја намалуваат потрошувачката, ја олеснуваат работата во секојдневието и на вашата храна ѝ нудат оптимални услови за складирање. Зашто не само ние, туку и нашите клиенти имаат особено високи барања. Тие не сакаат да се откажат од комфорот храната да ја чуваат на оптимална температура и влажност на воздухот и притоа истовремено да штедат енергија. Тоа е возможно.

Инвестицијата во нов апарат е исплатлива

Со комбинираниот ладилник CBPesf 4043 Liebherr поставува нови стандарди во областа на штедењето енергија. Апаратот со BioFresh опрема користи дури 20 проценти помалку енергија од граничната вредност на најдобрата енергетска класа пропишана согласно регулативите на ЕУ. Со А+++ заштедувате значително на трошоци за енергија. На апаратите со А+++ им е потребно речиси 60 проценти помалку енергија отколку на еден „нормален“ апарат од А класа. Во основа е следново: Новите модели трошат значително помалку енергија и притоа придонесуваат за заштита на животната средина. Со зголемување на цените на струјата набавката на ваков производ за многу кратко време станува исплатлива.

Штедењето енергија е вклучено во понудата

Liebherr нуди во сите групи на производи суперштедливи модели. Во iPad Magazin ќе најдете резиме на понудата за штедливи апарати. Апликации на Liebherr

Компресори Embraco Fullmotion

Новите компресори Embraco Fullmotion се интегрирани во многу апарати со технологија BluPerformance и придонесуваат кон тоа апаратите да бидат суперштедливи при потрошувачката на енергија. Поради малиот број вртежи тие се особено тивки и со ниски вибрации. Високите перформанси на компресорите овозможуваат брзо ладење и константни температури. Кон веб-страницата