Поголема хигиена со помал напор

Преградите, фиоките и полиците во ладилникот треба да се чистат редовно и темелно. Зашто можат да се размножат микроорганизми и покрај ниската температура. Со цел да ви ја олесниме работата се грижиме за тоа нашите апарати да бидат едноставни за чистење.

Liebherr го олеснува чистењето и одржувањето на следниов начин

SmartSteel: Дизајн во интерес на функционалноста

Апаратите со надворешност од „паметен челик“ (SmartSteel) не само што имаат елегантен дизајн, туку и специјалната завршница значително ја редуцира видливоста на отпечатоци од прсти и ја прави надворешноста отпорна на гребење. Со облагородување на челикот материјалот станува многу поедноставен за чистење.

NoFrost: Капацитет на ладење со професионален квалитет

Слоевите мраз во преградата за замрзнување бараат постојано чистење и ја зголемуваат потрошувачката на струја. Затоа ние употребуваме професионална технологија на ладење која спречува да се создаде мраз во преградата за замрзнување и на храната. Кај апаратите со NoFrost технологија храната се замрзнува со ладен циркулирачки воздух, а влажноста се испушта. Не се создаваат слоеви мраз и не мора постојано да чистите.

SafetyGlass: долговечно и лесно за чистење

Мазните завршници без остри рабови се едноставни, брзи и сигурни за чистење. Liebherr ги изработува сите полици од сигурносно стакло. Поради висококвалитетната обработка на SafetyGlass површините се екстремно отпорни на товар, како и отпорни на кршење и гребење.

Прегради и фиоки: едноставни за вадење

Со цел да го поедноставиме чистењето на вашиот ладилник и замрзнувач сите наши апарати се опремени со прегради и фиоки кои се едноставни за вадење.

Дизајн

Исклучителен дизајн: Кај површините и формите Liebherr се фокусира на безвременска елеганција и на актуелните трендови за уредување на просторот за живеење. Дизајнерски едиции

Добри причини

Докажан квалитет, повеќе свежина при складирањето прехранбени производи и висока енергетска ефикасност: Постојат многу причини за да се одлучите за Liebherr. Зошто Liebherr?