Повеќе можности за планирање на кујната

Ладилниците и замрзнувачите на Liebherr перфектно се вклопуваат во секоја кујна.

Ладилниците и замрзнувачите на Liebherr перфектно се вклопуваат во секоја кујна.

Независно дали сакате да купите нов ладилник, да ги обновите надворешните врати или да купите целосно нова кујна - нашиот асортиман нуди соодветен апарат за речиси секоја големина на ниша. Тоа ви помага, на пример, да најдете нов апарат за постоечката кујна или ви отвора повеќе можности за вградување на ладилник или замрзнувач при планирање на новата кујна. Практичните функции и карактеристиките на опремата директно на апаратот на Liebherr ви овозможуваат едноставно и прецизно да го интегрирате во вашата кујна.

Нашите ладилници и замрзнувачи се фабрички опремени со врата што се отвора надесно. Но апаратите се така конципирани што отворањето може да се промени и да се намести налево, на пример, кога ладилникот би бил поставен во левиот агол од кујната. Прилагодливите ногарки овозможуваат ладилникот флексибилно да се прилагоди на нерамни подови и различни висини и перфектно да се вклопи во вашата кујна.

Сигурно ракување со нашите апарати овозможуваат цврстите рачки за транспорт и интегрираните тркалца. На тој начин секој апарат може да се преместува и позиционира без голем напор.

Апаратите на Liebherr може да се интегрираат на два начина: со монтажа на фиксна врата или врата на лизгање. При монтажа на фиксна врата мебелот и вратата на апаратот се цврсто поврзани еден со друг; вратата од мебелот директно се поставува на вратата од апаратот. Спротивно на тоа, при монтажа на лизгачка врата вратата од мебелот се прицврстува на шкафот со помош на шарки и е поврзана со вратата на апаратот со лизгачки шини. На тој начин вратата од мебелот при отворање и затворање се лизга по шините. Освен тоа, промената од врата на лизгање во фиксна врата се прави многу едноставно. Во однос на визуелноста важи следново: Кога вратите се затворени и двата вида врати изгледаат идентично.

Прицврстувањето на 4 точки овозможува едноставна, сигурна и прецизна монтажа и е стандард кај сите апарати на Liebherr со фиксна врата. Кај моделите над 140 cm ногарките прилагодливи на висина и шините за нивелирање овозможуваат апаратите да стојат стабилно и оптимално да се затвораат.