На прилагодливата полица за шишиња може да се складираат или шишиња или интегрираната стаклена полица под неа да се користи за складирање чаши и шолји.

Ладилници со BioFresh

Ладилниците со технологија BioFresh не само што нудат многу место, туку и идеални услови за складирање на сите видови храна. Зашто при засебно наштелувана влажност на воздухот овошјето, зеленчукот, месото, млечните производи, како и рибата и морските плодови остануваат значително подолго свежи. Уште поголема флексибилност нуди BioFresh-Plus каде што температурата може прецизно да се наштелува да одговара на различната храна.

Liebherr нуди вградливи и самостојни ладилници со иновативна технологија BioFresh.

Многубројните LED-сијалички овозможуваат рамномерно осветлување на целиот внатрешен простор – и сето тоа со намалена потрошувачка на енергија.

Комбинирани ладилници со BioFresh

Со комбинираниот ладилник со технологија BioFresh на Liebherr добивате двојно. Апаратите обединуваат иновативни технологии за ладење и долготрајна свежина со енергетски ефикасни функции за замрзнување. На тој начин многу наши комбинирани ладилници покрај технологијата за долготрајна свежина BioFresh располагаат и со функциите SmartFrost и NoFrost. Овие спречуваат заледување на внатрешноста и на залихите храна. Чистењето мраз е значително поретко односно со NoFrost речиси и никогаш повеќе потребно.

Изберете од големата понуда вградливи и самостојни ладилници.

Комбинирани двокрилни ладилници со BioFresh

За витаминска исхрана во голема мера идеални се двокрилните комбинирани ладилници на Liebherr. Апаратите се одликуваат не само со тоа што нудат доволно место и иновативни технологии, туку и со нивниот ексклузивен дизајн и уникатна удобност при употреба. На тој начин елегантното управување MagicEye со LCD-екран и графички индикатор за температура овозможува прецизно одржување на избраната температура.

Двокрилните ладилници се достапни како ексклузивен самостоен апарат или како модел со можност за вградување.