Иднината на ладењето и замрзнувањето

Liebherr BluPerformance: Најновата технологија за ладење за максимален комфор.

Liebherr BluPerformance: Најновата технологија за ладење за максимален комфор.

Најдобрите забави се случуваат во кујната. Од оваа причина со новата генерација ладилници на Liebherr вие сте оптимално подготвени за пречек на гости. Бидејќи апаратите од серијата BluPerformance нудат максимални перформанси за ладење за да можете да ја складирате храната на најдобар можен начин и да ги изладите пијалаците на температура на служење. Соодветната функција за ладење може да се избере едноставно и интуитивно преку електрониката на допир прилагодена за корисникот. А со SmartDeviceBox можете да го контролирате вашиот ладилник од далечина за однапред да ја намалите температурата на ладење. 

Оптимално ладење, помалку користење струја

Со BluPerformance успеавме да направиме квантен скок во однос на енергетската ефикасност. Сите апарати со BluPerformance се наоѓаат во класата на енергетска ефикасност A+++ или A+++/-20%. Најновите апарати се дури и 20 проценти поштедливи од ладилниците на досегашната најдобра класа на енергетска ефикасност A+++. Тоа за вас значи: Посвежа храна и уште помала потрошувачка на струја.

Повеќе место за вашата храна

Посебноста на новата генерација апарати е иновативната технологија на ладење која е интегрирана во основата на апаратот. Токму затоа апаратите со иста висина нудат значително повеќе нето капацитет. Ова за вас значи: Забележително повеќе простор за вашата храна и пијалаци.

Апаратите со BluPerformance притоа не само што се поефикасни, туку и потивки, а со тоа и ваши идеални партнери за ладење.

Апарати

Профитирајте и од многубројните предности на новата генерација апарати BluPerformance – новата димензија на свежината.

Видео

Во нашето видео за BluPerformance дознајте повеќе за новата генерација ладилници и замрзнувачи и инспирирајте се од иновативниот дизајн и врвната опременост на внатрешноста. Кон видеото за BluPerformance