SBSWgw 64I5 BioFresh NoFrost Интегриран комбиниран двокрилен ладилник со BioFresh и NoFrost


BioFresh

Колку е посвежа храната, толку е повредна за здравата исхрана. Преградите BioFresh на телескопски шини гарантираат совршена клима за долготрајна свежина. На температура малку повисока од 0 °C и идеална влажност на воздухот овошјето и зеленчукот, месото, рибата и млечните производи ги задржуваат витамините, деликатната арома и вкусниот изглед до три пати подолго отколку во обичниот сегмент за ладење.

BioCool

BioCool кутијата овозможува регулирање на влажноста во фрижидерот со цел да се одржи свежината на овошјето и зеленчукот. Влажноста се регулира со лизгач.

NoFrost

За сигурна долготрајна свежина апаратите на Liebherr со NoFrost технологија нудат капацитет на ладење со професионален квалитет. Храната се замрзнува со ладен циркулирачки воздух, а влажноста се испушта. На тој начин ладилникот е постојано чист, без слоеви мраз, а исто така и храната. Со NoFrost-Comfort чистењето мраз повеќе не е потребно.

SoftSystem-систем за меко затворање

SoftSystem-системот за меко затворање е удобен и уверлив при секојдневната употреба. SoftSystem-системот за меко затворање интегриран во вратата го ублажува движењето кога вратата се затвора и овозможува особено благо затворање, дури и кога внатрешната врата е целосно наполнета. За вградени апарати, вратата автоматски ќе се затвори под агол на отворање од приближно 30°. Во елегантна бела боја, системот за меко затворање е оптички дизајниран за да одговара на внатрешноста на вратата.