ICBNd 5163 Prime BioFresh NoFrost Комбинација за ладење и замрзнување што може да се вгради, со BioFresh и NoFrost


NoFrost

Кога ќе го отворите вашиот замрзнувач, сакате да видите замрзната храна, а не мраз. NoFrost го штити замрзнувачот од несаканиот мраз, со кој се троши многу енергија и понекогаш е скапо. NoFrost значи: Нема повеќе макотрпно и долготрајно одмрзнување на замрзнувачот, ќе имате повеќе време за други работи и ќе заштедите пари.

Фиока за овошје и зеленчук

Свежа салата или јагоди: Најчувствителната храна заслужува посебно место за да остане свежа подолго: Фиоки BioFresh. Во фиоката „Fruit & Vegetable“ температурата е близу до 0°С. Заедно со зголемената влажност и благодарение на доброто заптивање, непакуваните овошје и зеленчук остануваат свежи подолго време. Не мора ништо да прилагодувате.

DuoCooling

Благодарение на два потполно одделни кола за ладење, DuoCooling осигурува дека нема размена на воздух помеѓу ладилникот и замрзнувачот. Храната не се исуши и мирисот не се пренесува. А тоа значи: помалку фрлање, помалку купување, но и поголема заштеда и уживање.

SmartDeviceBox е надградлив

Дали сакате спремни да ја дочекате иднината на паметни домови? Liebherr со задоволство ќе се вклучи во потфатот: Може да го надградите со SmartDeviceBox, со кој вашиот Liebherr се поврзува онлајн. SmartDeviceBox се инсталира во неколку едноставни чекори и ви го отвора целиот свет на дигитални можности уште денес.

LightTower

Очекувајте оптимално осветлена внатрешност: LightTower ја прикажуваат храната во најдобро светло. Поставени се на таков начин и што полниот фрижидер е секогаш добро осветлен. Бидејќи LightTower е интегриран во страничните sидови, има и повеќе простор за вашата храна.

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

SmartSteel во внатрешноста

SmartSteel на внатрешната врата и на задниот ѕид му даваат благороден изглед на вашиот Liebherr. И вашите намирници ќе го засакаат SmartSteel: Нерѓосувачкиот челик е хигиенски и безбеден за храна. Покрај тоа, SmartSteel ја намалува видливоста на отпечатоците – што го прави погледот уште поубав.

IceMaker поврзан со довод на вода

Дали останаа коцки мраз? Со IceMaker ќе ја заборавите оваа дилема. IceMaker е постојано поврзан со довод на вода, водата доаѓа директно од чешмата. Благодарение на функцијата MaxIce, се создава до 1,5 kg коцки мраз на ден. Сепараторот за коцки мраз помага фиоката да се подели во која било големина: на пример коцки мраз на левата страна, сладолед на десната страна или целосно коцки мраз.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

SoftTelescopic

Со нетрпение очекуваме да ги отворите фиоките BioFresh: Не само поради свежата храна – туку и затоа што отворањето е толку лесно, а затворањето е автоматско и тивко. Ова се должи на телескопските шини по кои лесно се движат фиоките. И бидејќи целосно се повлекуваат, ќе имате најдобар можен преглед на содржината во фиоките.

Систем PowerCooling

Дали сакате да бидете сигурни дека студот е рамномерно распореден во вашиот уред за ладење? Системот PowerCooling обезбедува: Подеднакво моќен и тивок вентилатор кој ефикасно го дистрибуира студениот воздух низ целиот фрижидер.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

ЛЕД-осветлување на замрзнувачот

ЛЕД-осветлувањето на замрзнувачот обезбедува пријатно светло во фиоките за замрзнување. На тој начин, уште полесно ќе ја пронајдете храната што ја барате. Енергетски ефикасната ЛЕД-единица е елегантно поставена над фиоките за да заштеди простор.

ЛЕД-осветлување на BioFresh

Радувајте се на свежото овошје и зеленчук: ЛЕД-осветлувањето на BioFresh во најдобро можно светло ја покажува храната во фиоките BioFresh. Осветлувањето е поставено на средина, над фиоките BioFresh и е дополнето со ЛЕД-ленти од двете страни. Тие се протегаат до горната фиока BioFresh и целосно ја осветлуваат.

SuperFrost

Дали сакате да ја замрзнете вашата свежа храна така што ќе ги зачува витамините? Едноставно активирајте SuperFrost и замрзнувачот ќе го зголеми капацитетот на ладење. Ова ја одржува температурата константна кога ставате незамрзната храна во него. SuperFrost исто така заштедува енергија: Ако не ја деактивирате функцијата рачно, таа автоматски ќе се деактивира по 65 часа.

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.