10 години достапност на резервните делови

Liebherr е синоним за доверба и долготрајност. Токму затоа при производство на апаратите употребуваме исклучиво најквалитетни материјали и компоненти. Уште во самиот процес на производство кај секој апарат интензивно се испитува квалитетот и функционалноста.

Со постојана работа на понатамошно развивање на апаратите и на оптимизирање на сите компоненти до најмал детаљ го овозможуваме надалеку познатиот квалитет на Liebherr – долготрајност на нашите апарати. Сепак, ако некогаш имате потреба од резервен дел, можете да сметате на нашиот сервис. Зашто кај нас добивате оригинални Liebherr-резервни делови со прочуен сигурен квалитет – и тоа во најголемиот број случаи за наредните 10 години.