Ладилникот како дизајниран предмет
Веќе подолго животниот стил веќе не се однесува само на модата, модните додатоци, патувањето и автомобилите. Сѐ поважен е аспектот на готвење и уживање како доживување во кругот на семејството или друштвото. Па така, кујната во многу домаќинства не е само работна соба, туку многу повеќе од тоа – соба за средби. Тука се јаде, се случуваат дружби со пријателите – па дури тука се прави и по некоја забава.
Независно дали интегрирани или самостојни: Апаратите на Liebherr пленат како со иновативната внатрешност, така и со висококвалитетната надворешност. Сите дизајни ги развиваме сами, во модерно опремени развојни центри на различни производствени локации. Како при развојот на новите технологии така и во развојот на дизајнот желбите и барањата на нашите клиенти се во фокусот.
Награди и признанија
Нашите апарати во континуитет добиваат награди за високиот квалитет на нивната опрема и за иновативност. Списокот се протега од reddot award преку Plus X Award, iF product design award и interior innovation award, па сѐ до награда за иновација во кујната на Initiative Lifecare.
Дизајнерски визии во духот на времето
Развојот на дизајнот и производите секогаш е во контекст на социјалниот и општествениот развој. Актуелните трендови како индивидуализацијата, порастот на животниот век, свесноста за здравјето, мобилноста, дигиталното вмрежување и урбанизацијата ги оформуваат потребите на нашите потрошувачи и постојано навлегуваат во развојот на нашите производи.
CoolVision – со поглед кон иднината
Ладилникот се одредува прекунеговата функција: иновативни технологии за ладење и замрзнување, кои за нас значат постојано подобрување. За да се развијат носечки идеи за иднината потребни се визии. „CoolVision“ на Liebherr значи игрива интеракција и експериментирање со бои, форма и материјал како и соработка со дизајнери, уметници и млади таленти. Вистински иновации настануваат поради флексибилноста и подготвеноста техниката и материјалот да се гледаат од поинакви перспективи. Од овие сознанија развиваме идеи и студии за дизајн кои ги презентираме на саеми како што се IFA и Futura.
Дизајнот ставен на практичен тест
Производите на Liebherr имаат особено долготрајна вредност. Со цел да ги задоволиме нашите високи стандарди за квалитет, секој дизајн го мериме според корисноста и едноставноста за употреба за нашите клиенти. Дали му се допаѓа апаратот на потрошувачот? Дали дизајнот ги следи актуелните трендови, а притоа останува долговечен? Дали материјалот се докажува при секојдневна употреба? Пред еден апарат да почне да се произведува во серија, ги тестираме дизајнот и секоја одделна компонента. На овој начин нашите апарати на крајот не само што се визуелно привлечни и изработени од висококвалитетни материјали туку и соодветни за секојдневна употреба, едноставни за чистење и интуитивни за употреба.
Бескомпромисни до најмал детаљ
Независно дали како комбиниран или како компактен апарат: Ние ги вреднуваме ситните, но одлучувачки детали – тоа се однесува и на техниката и на дизајнот. Пример за бескомпромисната конфронтација на корисноста и дизајнот: патентираната рачка. Тука се соединија формата и функцијата. Рачката од облагороден челик е особено ергономска; паметниот механизам го поедноставува отворањето на вратата од ладилникот. Со цел облагородениот челик да остане врвен во изгледот, со технологијата SmartSteel нудиме посебен начин на облагородување на горниот површински слој, кој го штити челикот од траги на отпечатоци од прсти и го прави особено едноставен за чистење.
Комфор
При развојот на апарати за ладење и замрзнување Liebherr се ориентира на потребите на своите клиенти. Како резултат на тоа, се добиваат удобни уреди коишто го олеснуваат животот. Комфорни функции
Видео
Игра на структурата и бојата
Liebherr редовно пласира на пазарот дизајнерски едиции кои, меѓу другото, се одликуваат со особени површини и материјали. Сите овие едиции со класичен дизајн чија вредност е долготрајна можат да се интегрираат во дневниот простор ставајќи акцент во него со нивната боја, форма и материјал.
Дизајнерски едиции
Повеќе од ладилник
Функционален крадец на погледи: Кој ја разбира кујната како отворен дневен простор, тој очекува неговиот ладилник да биде во хармонија со дневниот амбиент. Оправдано, при развој на производот го земаме предвид влијанието на апаратот во интеракција со материјалите, формите и пропорциите. Резултатот на тоа се апарати кои ги збогатуваат просториите со избалансиран концепт за осветлување, врвни материјали и хармоничен дизајн.
Влијанието на светлото во просторот
Светлото во внатрешниот простор му служи на хомогеното ниво на осветлување во апаратот. Токму затоа развивме специјален концепт за осветлување кој изгледа помалку студено од обичните LED-светилки и, бидејќи е интегриран во внатрешноста, зафаќа помалку простор. Складираните прехранбени производи се капат во пријатна светлина. Кај апаратите кои се опремени со стаклени врати внатрешното осветлување може дополнително да се регулира и да се користи како амбиентално светло.
Апарати со посебен формат
Дополнителен простор за ставање пијалаци и оптимални услови за складирање пури ви нудат нашите компактни апарати. Независно дали самостојни или ѕидни: Тие се така создадени да можат да се вметнат во ентериерот како мебел со функција за ладење. Од друга страна, пак, вистинска потврда за врвен дизајн е волуменозниот двокрилен ладилник од облагороден челик. Тој ги поврзува техничката иновација со елегантната изведба на линиите. Транспарентната стаклена врата на интегрираниот вински ладилник вешто ѝ се спротивставува на надворешноста од облагороден челик. Дополнителна потврда за дизајн за големи кујни и мансарди е стаклената врата. Со неговите големи, практични фиоки и двокрилните врати тој претставува модерна технологија во просторот.
Природни материјали во внатрешноста
Суровите материјали како дрво не само што се особено издржливи туку и создаваат убав амбиент за домување. Токму затоа ги употребуваме во внатрешноста на апаратите со стаклени врати. Во нашите ладилници за вино црвеното вино, белото вино и розето се чуваат на полици од природна бука. Шпанскиот кедар во хумидорот овозможува оптимални услови за складирање. Во ладилниците и замрзнувачите голем дел од внатрешната опрема се состои од сигурносно стакло отпорно на гребење и кршење, погодно за миење во машина за садови.
Компактни апарати
Ексклузивни пури, благородни вина, свежо изладени пијалаци – компактните уреди од Liebherr овозможуваат идеален простор за значително задоволство. Компактни апарати