Повеќе време за убавите работи во животот

Да се однесат децата на училиште, да се оди на работа, да се пазари, да се исперат алиштата: Секојдневието нѐ има цврсто зграбено. Со цел да заштедиме време по дома, повеќето од нас денес посегнуваме по интелигентни технологии кои ни олеснуваат дел од работата.
Liebherr си постави за цел да развие апарати кои ќе ви го поедностават секојдневието и ќе бидат удобни за употреба. Нашите ладилници и замрзнувачи уверуваат со високиот квалитет како и ефикасните технологии и „паметни“ карактеристики.
На пример, системот NoFrost: Тука, воздухот што циркулира спречува создавање мраз во замрзнувачот. Со тоа рачното чистење на мразот е веќе непотребно. Тоа штеди енергија, време и напор. Други карактеристики ви помагаат за чување на складираната храна и при чистење и одржување на ладилникот. И: Нашите апарати се конципирани на тој начин за флексибилно да можете да ја испланирате вашата кујна. Може прецизно да се вградат и лесно да се транспортираат.
Задоволство

Со иновативни технологии апаратите на Liebherr за ладење и замрзнување овозможуваат долготрајна свежина на складираната храна. Функции за поголемо задоволство
Повеќе комфор при употреба
Наутро, напладне, навечер: Ладилниците и замрзнувачите не само што работат постојано, туку и постојано се отвораат, се полнат и користат. Токму затоа ние од Liebherr при развојот на производите секогаш внимаваме на максимален комфор при употреба. Робусните телескопски шини, извлекувањето на тркалца како и висококвалитетните рачки гарантираат комфор при употреба на нашите апарати.
Функции и детали на опрема за максимален комфор при употреба
Видео
Поголем ред во складирањето
Кој знае сè што има во ладилникот, ќе може да си го купи само она што навистина му е потребно. На овој начин се избегнува да се заборави храната зафрлена во некој агол и нејзино расипување. Затоа ладилниците на Liebherr се конципирани на тој начин да можат да ја зачуваат посакуваната прегледност на складираните пијалаци и храна.
Вака ја зачувувате прегледноста
Складирање прехранбени производи

Оптималната интеракција помеѓу температурата и влажноста на воздухот гарантира дека дури и чувствителната храна ќе остане ароматична и богата со витамини подолго време со BioFresh. Складирање прехранбени производи со BioFresh технологија
Поголема хигиена со помал напор
Преградите, фиоките и полиците во ладилникот треба да се чистат редовно и темелно. Зашто можат да се размножат микроорганизми и покрај ниската температура. Со цел да ви ја олесниме работата се грижиме за тоа нашите апарати да бидат едноставни за чистење.
Liebherr го олеснува чистењето и одржувањето на следниов начин
SmartSteel: Дизајн во интерес на функционалноста

Апаратите со надворешност од „паметен челик“ (SmartSteel) не само што имаат елегантен дизајн, туку и специјалната завршница значително ја редуцира видливоста на отпечатоци од прсти и ја прави надворешноста отпорна на гребење. Со облагородување на челикот материјалот станува многу поедноставен за чистење.
NoFrost: Капацитет на ладење со професионален квалитет

Слоевите мраз во преградата за замрзнување бараат постојано чистење и ја зголемуваат потрошувачката на струја. Затоа ние употребуваме професионална технологија на ладење која спречува да се создаде мраз во преградата за замрзнување и на храната. Кај апаратите со NoFrost технологија храната се замрзнува со ладен циркулирачки воздух, а влажноста се испушта. Не се создаваат слоеви мраз и не мора постојано да чистите.
SafetyGlass: долговечно и лесно за чистење

Мазните завршници без остри рабови се едноставни, брзи и сигурни за чистење. Liebherr ги изработува сите полици од сигурносно стакло. Поради висококвалитетната обработка на SafetyGlass површините се екстремно отпорни на товар, како и отпорни на кршење и гребење.
Прегради и фиоки: едноставни за вадење

Со цел да го поедноставиме чистењето на вашиот ладилник и замрзнувач сите наши апарати се опремени со прегради и фиоки кои се едноставни за вадење.
Дизајн

Исклучителен дизајн: Кај површините и формите Liebherr се фокусира на безвременска елеганција и на актуелните трендови за уредување на просторот за живеење. Дизајнерски едиции
Добри причини

Докажан квалитет, повеќе свежина при складирањето прехранбени производи и висока енергетска ефикасност: Постојат многу причини за да се одлучите за Liebherr. Зошто Liebherr?
Повеќе можности за планирање на кујната

Ладилниците и замрзнувачите на Liebherr перфектно се вклопуваат во секоја кујна.
Независно дали сакате да купите нов ладилник, да ги обновите надворешните врати или да купите целосно нова кујна - нашиот асортиман нуди соодветен апарат за речиси секоја големина на ниша. Тоа ви помага, на пример, да најдете нов апарат за постоечката кујна или ви отвора повеќе можности за вградување на ладилник или замрзнувач при планирање на новата кујна. Практичните функции и карактеристиките на опремата директно на апаратот на Liebherr ви овозможуваат едноставно и прецизно да го интегрирате во вашата кујна.

Нашите ладилници и замрзнувачи се фабрички опремени со врата што се отвора надесно. Но апаратите се така конципирани што отворањето може да се промени и да се намести налево, на пример, кога ладилникот би бил поставен во левиот агол од кујната. Прилагодливите ногарки овозможуваат ладилникот флексибилно да се прилагоди на нерамни подови и различни висини и перфектно да се вклопи во вашата кујна.

Сигурно ракување со нашите апарати овозможуваат цврстите рачки за транспорт и интегрираните тркалца. На тој начин секој апарат може да се преместува и позиционира без голем напор.

Апаратите на Liebherr може да се интегрираат на два начина: со монтажа на фиксна врата или врата на лизгање. При монтажа на фиксна врата мебелот и вратата на апаратот се цврсто поврзани еден со друг; вратата од мебелот директно се поставува на вратата од апаратот. Спротивно на тоа, при монтажа на лизгачка врата вратата од мебелот се прицврстува на шкафот со помош на шарки и е поврзана со вратата на апаратот со лизгачки шини. На тој начин вратата од мебелот при отворање и затворање се лизга по шините. Освен тоа, промената од врата на лизгање во фиксна врата се прави многу едноставно. Во однос на визуелноста важи следново: Кога вратите се затворени и двата вида врати изгледаат идентично.

Прицврстувањето на 4 точки овозможува едноставна, сигурна и прецизна монтажа и е стандард кај сите апарати на Liebherr со фиксна врата. Кај моделите над 140 cm ногарките прилагодливи на висина и шините за нивелирање овозможуваат апаратите да стојат стабилно и оптимално да се затвораат.