Квалитетни производи повеќе од 60 години

Повеќе од 60 години Liebherr-Hausgeräte GmbH е синоним за висококвалитетни апарати за ладење и замрзнување. Квалитетот на нашите апарати создава цврста основа за големата доверба која ја имаат клиентите во марката Liebherr. На нашите производствени локации работиме континуирано на понатамошен развој и оптимизација на компонентите и материјалите.

Осигурување квалитет

Производство

Во апаратите на Liebherr се крие големо технолошко знаење, развој и љубов до најмалиот детаљ. Пред еден апарат да почне сериски да се произведува, нашите инженери со месеци истражуваат, со цел да ги исполнат највисоките стандарди. Со строги контроли на квалитет гарантираме дека од нашиот погон излегуваат исклучителни апарати. Производство на Liebherr

Тестови на оптоварување

Како произведувач на премиум-апарати Liebherr поставува највисоки стандарди за компоненти и апарати. Со цел да овозможиме долг век на траење и функционалност, сите модели ги проверуваме со тестови за екстремно оптоварување и практичност. На тој начин сме сигурни дека квалитетот на Liebherr секогаш одново ги задоволува многуте клиенти. Тестови за квалитет на Liebherr

Награди и признанија

Liebherr овозможува врвен квалитет на ладилници и замрзнувачи за премиум-стандарди. Независните институти, како Stiftung Warentest или Red Dot Design Award потврдуваат преку постојани тестови и анкетни прашалници пополнети од клиентите дека нашите апарати соодветствуваат на највисоките стандарди. Преглед на признанијата

Служба за корисници

Брза и директна помош: Ако имате какви било прашања во врска со производите, услугите за поправка и резервните делови, ќе ве поврземе со вистинското лице за контакт. Побарај служба за корисници

Социјални медиуми

Liebherr е на социјалните медиуми: Станете дел од нашата заедница и добивајте не само поддршка во случај на сервисирање, туку и совети и трикови за совршено складирање на храната. Liebherr во социјалните мрежи