Животна средина

Главната цел е да се намалат влијанијата на нашите производи и локации врз околината. Нашата свест за управување со околината ја истакнува нашата деловна политика. Во тие рамки нашата еколошка одговорност за нас започнува веќе при самата замисла на нашите уреди. Оттука, поставуваме висококвалитетни компоненти во апаратите за долго и сигурно функционирање и најдобра енергетска ефикасност. Исто и производствените процеси се насочени кон ефикасно користење на ресурсите. За примена на нашата деловна политика и за постојаното подобрување на нашите еколошки перформанси, сите наши производни локации поседуваат сертификат според меѓународниот стандард за управување со околината ISO 14001.

Информација според член 33 на регулативата (ЕЗ) Бр. 1907/2006 (REACH).

Членот пропишува дека секој доставувач на производ мора да го информира купувачот, ако во производот што го доставува се содржи таканаречен „особено опасен материјал“ со концентрација поголема од 0,1 масен удел. Овие материјали, што во англискиот јазик се назначени како „substances of very high concern“ се бележат со кратенката „SVHC“. Материјалите „SVHC“ се објавени во таканаречен „список со кандидати“, којшто се ажурира двапати годишно и во секое време е достапен на: http://echa.europa.eu/web/guest/candidate-list-table

Со следните исклучоци (погледнете Права на преземање) би можеле да ја постигнеме целта, дека, колку што е ние знаеме, не користиме критични материјали во нашите производи.

При употреба во согласност со прописите и при правилно фрлање на соодветните уреди, не постои опасност по здравјето и околината од материјалите што се содржат во уредите. Исто така не постои опасност ни за корисникот и храната.

Други материјали, што се наведени на списокот со кандидати и коишто се предмет на обврска за известување, не се достапни во нашите уреди, дополнителната опрема и резервните делови, како и во пакувањето на производите.

до серискиот број на query

Регулативата за биоцидни производи (ЕУ) Бр. 528/2012 ја регулира употребата и пласирањето на пазар на биоцидните производи и третираните стоки. „Биоцидните производи“ и „третираните стоки“ се разликуваат на следниот начин.

Биоцидните производи содржат најмалку една биоцидна супстанца и служат за уништување на штетни организми, како што се бактерии или габи. Регулативата регулира кои производи се одобрени за определена употреба. Производите, што не се дозволени, не смее да се користат или да се пуштаат на пазарот. Освен ако не е побарана и доделена дозвола за тоа. Пример за биоциден производ е глазура за заштита на дрво.

Третираните стоки се смеси или производи, што се третирани со биоцидни производи или на кои им се намерно додадени биоцидни производи, со цел да се заштитат или да се конзервираат самите стоки. На пазарот во ЕУ може да се пуштат само ако се третирани со биоцидни производи што се дозволени во ЕУ. Пример за „третирани стоки“ е дрвена тараба премачкана со глазура за заштита на дрво.

Подлежат на обврска за етикетирање, ако

  • постои информација за својствата на производот, што произлегуваат од биоцидното третирање и/или
  • ако ова експлицитно го бара дозволата за биоцидните супстанции

Во моментот, Liebherr-Hausgeräte GmbH не мора да дава никакви соопштенија во врска со користените биоциди.

Сертифициран систем за управување со животната средина

Ние следиме холистички концепт за заштита на животната средина кој го вклучува целиот животен циклус на производот од економски оправдани аспекти: Развој, производство, употреба и последователно отстранување на уредите. Централни аспекти се управувањето со енергијата и ресурсите, управувањето со отпадот и заштитата на климата. Управувањето со животната средина е регулирано и организирано преку „интегриран систем за управување“ врз основа на политиката на компанијата. Управувањето со животната средина на сите производни локации е сертифицирано според меѓународниот стандард ISO 14001.

ISO 14001 се стреми кон континуирано подобрување на еколошките перформанси. Во рамките на управувањето со животната средина, дефинирани се насоки за суштинските еколошки релевантни аспекти. Еколошките перформанси се следат и контролираат со користење на релевантни еколошки индикатори. Овој пристап ни овозможува да спроведеме брзи и ефективни длабински мерки и да постигнеме постојано подобрување на еколошките перформанси.

Преземи