Производство на Liebherr
Во секој апарат на Liebherr посебно се крие големо технолошко знаење, развој и љубов до најмалиот детаљ. Пред еден апарат да почне сериски да се произведува, инженерите со месеци истражуваат и развиваат, со цел да создадат висококвалитетен производ кој ги исполнува највисоките стандарди.
Нашите апарати и компоненти во целиот процес на производство се подложени на постојана контрола на квалитетот. Со тоа се осигуруваме дека од нашите производствени погони излегуваат исклучиво висококвалитетни апарати. Притоа во фокусот се секогаш нашите висококвалификувани и добро оспособени работници. Благодарение на нивниот ангажман се поставуваат високи стандарди и се овозможува исклучителниот квалитет на Liebherr.