За секоја храна вистинската температура
Интеракцијата помеѓу температурата и влажноста на воздухот е клучот за долготрајно складирање кое внимателно ги чува хранливите материи. Но, условите за чување се разликуваат за различни прехранбени производи. Висококвалитетната шунка зрее на сув планински воздух, мангото расте при висока влажност на воздухот, кашкавалот ја разоткрива својата арома во студени пештери. Во преградите со флексибилно регулирање на температурата и влажноста на воздухот BioFresh нуди оптимални услови за складирање за секоја категорија прехранбени производи.
Со BioFresh секој вид храна се складира засебно
Различни климатски зони во еден апарат

Во сефовите BioFresh циркулацијата на воздухот и температурата може да се наштелуваат различно.
Технологијата BioFresh се темели на сознанието дека прехранбените производи најдолго траат доколку се складираат на температура за нијанса повисока од точката на мрзнење. Токму затоа температурата во преградите со BioFresh постојано е малку над 0°C. Овие прегради функционираат како сефови на свежина, кои за различни производи нудат оптимални услови – и сето тоа само во еден апарат.
За уште поголема флексибилност: BioFresh-Plus
Кај апаратите со BioFresh-Plus горниот сеф BioFresh може прецизно да се наштелува на посакуваниот степен. Покрај температурата дополнително може да се наштелува и влажноста на воздухот преку контрола со лизгач. На овој начин преградите по избор стануваат HydroSafe или DrySafe. Благодарение на BioFresh и BioFresh-Plus ладилникот станува повеќенаменски простор за складирање во кој се чуваат најразлични прехранбени производи во идеални услови.
Краток преглед на сефовите BioFresh

Доколку сефот BioFresh се наштелува на HydroSafe, тогаш расте влажноста на воздухот. Неспакуваното овошје и зеленчук, како и салатите на овој начин остануваат подолго свежи и крцкави. Прецизната електроника овозможува точно одржување на температурата малку над 0°C. На овој начин, при повисока влажност на воздухот се спречува замрзнување на храната.

Кога вентилите се отворени се намалува влажноста на воздухот – сефот BioFresh станува DrySafe. Ниската влажност на воздухот е погодна за складирање риба, месо и млечни производи. За споредба, овие производи складирани во сува средина значително подолго ја задржуваат аромата отколку во обичните прегради на ладилникот – на пример, сирењето дури и до 100 дена.

Сефот BioFresh-Plus нуди максимална флексибилност. Со помош на засебната електроника степените во преградата може прецизно да се наштелуваат. На -2°C рибата и морските плодови остануваат подолго свежи. На чувствителното јужно овошје најдобро му годи температура од +6°C. Со BioFresh-Plus горниот сеф BioFresh може веднаш да се наштелува според потребите на различните залихи храна.
Но: Температурите малку над 0°C се оптимални за складирање свежа храна, но не и за консумирање. Сирењето ја разоткрива својата целосна арома дури на собна температура, а овошјето е многу повкусно кога се јаде не толку студено. Исто и месото пред печење треба да се остави на собна температура. Значи, пред подготовка или јадење извадете ги прехранбените производи колку што е можно понавремено надвор од ладилникот, но доколку не ги јадете нека стојат постојано внатре на ладно.
Секој прехранбен производ има свое место

Вкусовите се различни – соодветно на тоа се разликува и користењето на ладилникот. Па така, на луѓето кои не јадат месо и млечни производи им е потребен поголем простор за овошје, зеленчук и салата. Независно дали сте вегетаријанци или љубители на месо: Ладилниците опремени со BioFresh нудат голем простор за складирање кој може да се користи согласно потребите и желбите.
Сортирајте го вашиот ладилник според потребите
Практичните фиоки на технологијата BioFresh ви помагаат да воспоставите ред и овозможуваат поголема прегледност. Просторните фиоки, кои благодарение на телескопските шини удобно се извлекуваат, овозможуваат уредност, прегледност и добро сортирање. Понатаму, полиците и преградите во класичниот сегмент за ладење нудат простор за чување на прехранбените производи на кои не им е потребна посебна влажност на воздухот. Како дополнение на ова доаѓаат и полиците за шишиња или боксовите Vario кои помагаат да се воспостави ред во ладилникот.
Заштедете на прехранбени производи
Предуслов за оптимално чување на залихите храна е таа да биде прегледно наредена и посакуваните состојки да ни бидат на дофат. Редот го олеснува пазарењето: Само еден поглед во ладилникот и знаете што треба да се купи. Значи, можете да го испазарите токму тоа што ви е потребно и да спречите храната да се затури и расипе во некое непрегледно ќоше. На овој начин BioFresh двојно придонесува за одржливо чување на залихите храна: Прехранбените производи остануваат подолго свежи, вие ги одржувате вашите залихи и така настанува помалку отпад.
Комфор

При развојот на апарати за ладење и замрзнување Liebherr се ориентира на потребите на своите клиенти. Како резултат на тоа, се добиваат удобни уреди коишто го олеснуваат животот. Комфорни функции
Донесете ја свежината на зелениот пазар дома

Со BioFresh храната ги задржува аромата и витамините.
Сѐ повеќе луѓе ја вреднуваат свесната и добро избалансирана исхрана. Основата ја сочинуваат свежите, висококвалитетни прехранбени производи со важни витамини, микроелементи и минерали. Тие даваат енергија, ја зајакнуваат одбранбената моќ на организмот и поттикнуваат размена на материи на сосема природен начин. Колку што е посвеж одреден прехранбен производ, толку е повисока неговата хранлива вредност. За жал, денес не ни останува многу време секојдневно да пазариме, но сепак не сакаме да се откажеме од свежата храна. Затоа ни се потребни иновативни технологии кои ни помагаат храната да ја чуваме подолго време свежа и притоа да се задржат нејзиниот вкус, конзистентноста и вредните состојки.
Оптимална интеракција помеѓу температурата и влажноста на воздухот
Со технологијата BioFresh на Liebherr ги складирате вашите прехранбени производи во прегради за ладење кои им нудат на овошјето и зеленчукот, на рибата и месото, како и на млечните производи оптимални климатски услови. Ускладената интеракција помеѓу температурата и влажноста на воздухот овозможува значително долго да се задржат вкусот и хранливите состојки. И внатрешната опрема во ладилниците со BioFresh нуди практични карактеристики и функции, кои овозможуваат голем простор за складирање и добра прегледност. На овој начин Liebherr ви помага да ја зачувате свежината на прехранбените производи и ве поддржува при ефикасно складирање на храната кое ви помага да заштедите време.
BioFresh: за долготрајна свежина
Вака функционира BioFresh: Видеото ги прикажува функциите и карактеристиките на опремата на иновативната технологија BioFresh на Liebherr.
Задоволство

Со иновативни технологии апаратите на Liebherr за ладење и замрзнување овозможуваат долготрајна свежина на складираната храна. Функции за поголемо задоволство

Ладилници со BioFresh
Ладилниците со технологија BioFresh не само што нудат многу место, туку и идеални услови за складирање на сите видови храна. Зашто при засебно наштелувана влажност на воздухот овошјето, зеленчукот, месото, млечните производи, како и рибата и морските плодови остануваат значително подолго свежи. Уште поголема флексибилност нуди BioFresh-Plus каде што температурата може прецизно да се наштелува да одговара на различната храна.
Liebherr нуди вградливи и самостојни ладилници со иновативна технологија BioFresh.

Комбинирани ладилници со BioFresh
Со комбинираниот ладилник со технологија BioFresh на Liebherr добивате двојно. Апаратите обединуваат иновативни технологии за ладење и долготрајна свежина со енергетски ефикасни функции за замрзнување. На тој начин многу наши комбинирани ладилници покрај технологијата за долготрајна свежина BioFresh располагаат и со функциите SmartFrost и NoFrost. Овие спречуваат заледување на внатрешноста и на залихите храна. Чистењето мраз е значително поретко односно со NoFrost речиси и никогаш повеќе потребно.
Изберете од големата понуда вградливи и самостојни ладилници.

Комбинирани двокрилни ладилници со BioFresh
За витаминска исхрана во голема мера идеални се двокрилните комбинирани ладилници на Liebherr. Апаратите се одликуваат не само со тоа што нудат доволно место и иновативни технологии, туку и со нивниот ексклузивен дизајн и уникатна удобност при употреба. На тој начин елегантното управување MagicEye со LCD-екран и графички индикатор за температура овозможува прецизно одржување на избраната температура.
Двокрилните ладилници се достапни како ексклузивен самостоен апарат или како модел со можност за вградување.