Служба за корисници

Ние сме произведувачи на премиум-модели и сакаме ваквите стандарди да бидат задоволени и во службата за корисници. Тоа го очекуваат нашите клиенти од нас и тоа очекување сакаме да го исполниме. Токму затоа прашањата кои пристигаат независно дали по телефон, е-пошта или обична пошта, нашите соработници од службата за корисници, која се состои од висококвалификувани мајстори и техничари, ги собираат во база на податоци и ги обработуваат. Притоа постојано сме фокусирани на насоченоста кон клиентот и неговото задоволство – пред сѐ во однос на тоа колку што е можно побрзо да го обработиме пристигнатото барање.

Брза помош во случај на дефект

Нашите експерти ќе ви помогнат за сите прашања што се однесуваат на нашите апарати. Потребна ви е помош при користење на ладилникот или замрзнувачот или имате дефект кој мора да се поправи во најкус можен рок?

За да можеме да ги обработиме што е можно поспецифично сите барања, при повикот ве молиме имајте ги пред себе точните ознаки на вашиот апарат (име на апаратот, сериски број). Тие се наведени на етикетата за идентификација на апаратот.

Нашиот сервисен партнер со задоволство ќе ви помогне.

Пронајдете го вашиот сервисен партнер

За тоа кој сервисен партнер е задолжен за вас, можете да проверите преку можноста за пребарување сервисни партнери.

Сервисни партнери во моја близина

10 години достапност на резервните делови

Liebherr е синоним за доверба и долготрајност. Токму затоа при производство на апаратите употребуваме исклучиво најквалитетни материјали и компоненти. Уште во самиот процес на производство кај секој апарат интензивно се испитува квалитетот и функционалноста.

Со постојана работа на понатамошно развивање на апаратите и на оптимизирање на сите компоненти до најмал детаљ го овозможуваме надалеку познатиот квалитет на Liebherr – долготрајност на нашите апарати. Сепак, ако некогаш имате потреба од резервен дел, можете да сметате на нашиот сервис. Зашто кај нас добивате оригинални Liebherr-резервни делови со прочуен сигурен квалитет – и тоа во најголемиот број случаи за наредните 10 години.

Етикетата за идентификација на апаратите на Liebherr

За прашања во врска со вашиот апарат, ве молиме имајте ги пред себе точните ознаки на вашиот апарат (име на апаратот, Сериски бр.). Со помош на овие информации, нашите сервисери можат подобро да одговорат на прашањата и побрзо да ги решат можните проблеми.

Самостоен

Етикетата за идентификација кај самостојните апарати се наоѓа на внатрешната страна на апаратот одлево.

Двокрилен уред

Етикетата за идентификација кај двокрилните ладилници се наоѓа од левата страна на долната преграда за замрзнување.

Ладилник за шишиња

Етикетата за идентификација кај ладилниците за шишиња се наоѓа на внатрешната страна одлево.

Самостојни и вградени уреди

Етикетата за идентификација кај замрзнувачите се наоѓа на внатрешната страна одлево.

Сандаци за длабоко замрзнување

Етикетата за идентификација кај сандаците за длабоко замрзнување се наоѓа на десниот надворешниот ѕид, горе десно.

Уред со горна комора (замрзнувачот се наоѓа горе)

Кај уредите со горна комора, етикетата за идентификација на уредот се наоѓа на најдолната лева страна во просторот за зеленчук.

Уред со долна комора(замрзнувачот е поставен долу)

Кај уредите со долна комора, етикетата за идентификација на уредот се наоѓа на левата внатрешна страна.

Ладилник за вино

Етикетата за идентификација кај ладилниците за вино се наоѓа на левата страна од внатрешноста.

Ладилник за пури

Етикетата за идентификација кај ладилниците за пури се наоѓа на левата надворешна страна.

Брошури

Liebherr нуди информации и помош при инсталација на производите. Публикациите се достапни на повеќе јазици. Кон преглед на брошура за апарати за домаќинство

FreshMAG

Откријте го светот на апаратите за домаќинство на Liebherr преку интересни вести, приказни, вредни совети и трикови за складирање храна, рецепти и многу повеќе! Сега прочитајте го блогот