Јадењето е повеќе од внесување храна
Нашите стандарди за прехранбени производи и исхрана значително се покачија во изминатите декади. Јадењето денес претставува повеќе од едноставно внесување храна; Јадењето за многумина од нас, пред сè, значи задоволство. За ова задоволство сме подготвени да инвестираме време и пари за свежи и висококвалитетни прехранбени производи. Па така, патот сè почесто нè води на пазарите или во продавниците за здрава храна.
Вистинско ладење – интензивно задоволство
Со цел вистински да се исплати инвестицијата во свежа и вкусна храна, овошјето и месото мораат да бидат добро складирани – зашто промените во температурата влијаат на квалитетот. Токму кај замрзнувањето важна улога игра што пониската температура со цел да можат да се задржат аромите и хранливите материи.
Задоволство за очите и непцата
Со иновативни технологии за ладење и замрзнување Liebherr придонесува кон тоа да се задржат изгледот и вкусот на храната значително подолго. А бидејќи, како што знаете, истовремено јаде и окото, штедливите LED-светилки се грижат за соодветно осветлување на внатрешноста и складираната храна.
Складирање прехранбени производи
Оптималната интеракција помеѓу температурата и влажноста на воздухот гарантира дека дури и чувствителната храна ќе остане ароматична и богата со витамини подолго време со BioFresh. Складирање прехранбени производи со BioFresh технологија
Свежина од фиоката за замрзнување
Замрзнувањето на прехранбените производи не само што ја продолжува нивната трајност: Колку побрзо свежата храна ќе биде замрзната, толку повеќе ќе се зачуваат витамините и минералите во неа. Токму затоа, на пр., свежо уловената риба директно од море веднаш се замрзнува. Со помош на „шок-замрзнувањето“ самата риба откако подоцна ќе биде одмрзната добива уште поголем степен на свежина и како таква, по долгиот транспорт, се продава на штандот во супермаркетот. Метод кој сега и вие може да го користите по дома. Автоматската функција SuperFrost од Liebherr ги намалува температурите во замрзнувачот до -32°C. Притоа настануваат резерви на ладен воздух кои овозможуваат брзо замрзнување и конзервирање на вкусот и витамините на свежиот сезонски зеленчук. Кога храната е замрзната, SuperFrost автоматски се враќа во нормален режим на работа и на тој начин придонесува кон штедење енергија.
Но: Спротивно на замрзнувањето, ако одмрзнувањето треба да се одвива бавно и фино тогаш најдобро е во ладилник.
Иновации во замрзнувањето од Liebherr
Задржување на витамините и вкусот
Шарена салата од ароматични диви билки, крцкав леб и малку маслиново масло: Витаминската и здрава исхрана не ги стимулираат само телото и душата. Свежите висококвалитетни производи нудат кулинарско задоволство без голем напор. За што подолго да се задржат вкусот, формата и вредните состојки, Liebherr разви иновативни технологии за фино ладење и за долго задржување на свежината.
Функции и опрема за идеално складирање
Поставување на температурата и влажноста на воздухот
Колку долго прехранбените производи ќе ја задржат аромата и витамините во голема мера зависи од влажноста на воздухот и температурата за време на складирањето. Потребното ниво на температура е сосема различно за месото и млечните производи, овошјето и зеленчукот. Со по три фиоки кои функционираат како климатски зони BioFresh нуди за секоја категорија на храна оптимални услови за складирање. Со цел што поголема флексибилност постои можност индивидуално да ја регулирате температурата и влажноста на воздухот во фиоката BioFresh-Plus.
Визба во ладилникот
Секој прехранбен производ, за кого ладилникот е премногу студен, а кујнското шкафче претопло, складирајте го во преградата-визба која овозможува идеални температурни услови.
На двете нивоа има доволно место за путерот, компирот и кромидот како и за шишињата. Температурата во преградата-визба е независна од сегментот за ладење и може да се регулира помеѓу +4°C и +14°C.
Возобновување на синџирот на ладење
Дали салатата од диви билки ќе биде сѐ уште крцкава и ќе ја задржи аромата, не зависи само од тоа колку долго ќе биде прекинат синџирот на ладење. Особено чувствителната храна како што се овошјето и листестиот зеленчук по транспортот до дома треба што е можно побрзо повторно да се стават во ладилник. За ова помага системот PowerCooling на Liebherr. Тој се грижи за умерени температури и за тоа свежо складираната храна да биде брзо изладена. Со цел да не се изгуби студот, при отворање на вратата контактниот прекинувач на вратата го исклучува вентилаторот. На тој начин се заштедува значајно количество енергија.
Повеќе свежина преку одделно регулирање на сегментите за ладење и замрзнување
DuoCooling се заснова на две одделни разладни кола со цел да се спречи размена на воздух меѓу сегментот за ладење и оној за замрзнување. Тоа овозможува одделно поставување на температурата. Одделниот доток на разладување спречува мирисите од едниот сегмент да навлезат во другиот. Исто така се избегнува и сушење на храната во сегментот за ладење затоа што е спречено навлегување на студениот воздух од сегментот за замрзнување. Со ова прехранбените производи ја задржуваат формата, конзистентноста и нивниот природен вкус.
Наведените карактеристики на опремата не влегуваат во составот на сите апарати на Liebherr.
Видео
Складирање прехранбени производи
Оптималната интеракција помеѓу температурата и влажноста на воздухот гарантира дека дури и чувствителната храна ќе остане ароматична и богата со витамини подолго време со BioFresh. Складирање прехранбени производи со BioFresh технологија
Пригответе задоволство за непцата
Колку долго прехранбените производи ќе ја задржат аромата и свежината во голема мера зависи од влажноста на воздухот и температурата за време на складирањето. Но и при консумирањето на храната температурата игра одлучувачка улога. Само кога се на вистинската температура прехранбените производи, луксузните пијалаци и тутунот ја разоткриваат нивната природна арома. Па така сирењето на собна температура има значително подобра арома отколку кога е извадено директно од ладилник. Спротивно на тоа, виното треба да се лади на температура во зависност од сортата.
Ние од Liebherr со текот на годините ја доведовме до совршенство синергијата помеѓу температурата и влажноста на воздухот и го применивме нашето знаење во создавање нови технологии.
Вино разладено на вистинската температура
Бидејќи различни сорти вино бараат различна температура на консумација познавачите на вино ги разладуваат своите вина во ладилниците за вино за идеална температура на служење. Кај ладилниците на Liebherr прецизно електронско управување се грижи црвеното и белото вино, како и шампањот да бидат изладени на температура на служење. Ладилниците за вино на Liebherr за идеална температура на складирање со константни температури и влажност на воздухот од преку 50 проценти овозможуваат оптимално складирање на чувствителните капки вино и нивно натамошно созревање.
Оптимална климатизација на пури
Од пред неколку години Liebherr го применува своето технолошко знаење за развој и производство на хумидори. Со цел да се задржи целосната арома на пурите и да се избегне сушење, Sammler Cohiba, Montecristo итн. се складираат на контролирана температура и влажност на воздухот. Константните температури создаваат перфектна клима за пурите кои наредени во хумидорот подготвено чекаат повод за да ви причинат задоволство.
Винска компетенција
Одгледани со љубов, професионално узреани и изладени на идеална температура – единствено со вистинската техника на складирање виното овозможува врвно задоволство при консумација. Винска компетенција
Складирање пури во хумидор
Хумидорот на Liebherr нуди совршената микроклима, како и можност за прецизно регулирање на температурата и влажноста на воздухот. Хумидор