Складирање пури во хумидор
Експертите за пури често се нарекуваат себеси Aficionados (шпански: љубители). Прав Aficionado при првиот допир ќе препознае дали пурата е правилно чувана. Вредните пури во хумидорот од Liebherr ја имаат најдобрата околина за складирање и може да зреат подолго време. Висококвалитетна електроника на допир со сензори за влажност гарантираат дека саканата температура и влажност се прецизно поставени.
Квалитет на складирање за скапи пури

Стилски зачувани премиум пури Трајно задоволство со правилно складирање
Премиум пурите се висококвалитетни природни производи, коишто се произведуваат рачно при долг процес и под силна контрола на квалитетот. За задржување на природните ароми важно е да бидат правилно складирани. Правилно складирана пура има мек, еластичен горен лист. Лежи пријатно и тешко на рака и испушта сочен, оригинален мирис. Хумидорот ZKes 453 од Liebherr на љубителите на пури им овозможува совршена микроклима и можности за прилагодување за складирање на вашите богатства.

Посакувана тропска клима Постојана температура и висока влажност на воздухот
За оптимална арома е важна изедначена синергија помеѓу температурата и влажноста на воздухот. Затоа што премиум пурите се осетлив природен производ. За постојано задржување на вредноста, потребени ви се слични услови како во тропскиот дом на тутунот – Карипските Острови, Јужна Америка или Јужна Азија. Во хумидорот од Liebherr пурите може да се складираат и да стојат подолг временски период под совршени атмосферски услови. Со помош на иновативната технологија во секое време се задржуваат посакуваната постојана температура и големата влажност на воздухот.

Обезбедување на квалитетот Оптимално заштитени висококвалитетни производи од познати марки
Откако ќе се обере, тутунот се преработува при долг процес под строго контролирани услови. Се суши, ферментира, внимателно се селектира и искусни виткачки го прават во пури од скапи марки. Експерти го тестираат секое парче, за да проверат повеќе фактори, како на пример, тежина или цврстина. Тим од дегустатори се последната фаза за контрола. Високиот производствен квалитет оптимално се заштитува со помош на електрониката со допир заедно со достапните сензори за влажност.

Оставете ги да зреат или спонтано уживајте во нив Поединечни можности за прилагодување
Ако пурите се складираат при пониска влажност на воздухот, ќе се исушат и ќе ја изгубат својата благородна арома. Ако влажноста е премногу голема, постои опасност од мувлосување на тутунот. Идеалната влажност на воздухот за складирање пури изнесува помеѓу 68 и 75 проценти. Што повеќе е подготвена пурата за пушење, толку повеќе треба влажноста на воздухот да се движи кон 68 проценти. Во хумидорот од Liebherr, три посебно контролирани циклуси на движење на воздухот, заедно со четири вентилатори, создаваат идеална клима за складирање за секоја потреба.

Простор за складирање и презентирање Различна опременост на внатрешниот простор
Елегантното куќиште од не’росувачки челик со стаклена врата привлекува сечие внимание. Внатрешниот простор има две плочи од шпански кедар. Од ова дрво традиционално се прават кутии за пури, затоа што добро ја апсорбира влагата и потоа ја распределува рамномерно. Колекционерите овде може да чуваат пури и кутии за пури. Две слободни кутии од кедар што може да се отстранат, претставуваат елегантна можност за презентација. Со волумен од 39 литри, хумидорот овозможува доволно капацитет за краткотрајно и долготрајно складирање.

Безбедно заштитени Обмислен концепт за хигиена
Како природен производ, пурите имаат потреба од беспрекорна хигиенска околина. Обработените материјали во внатрешниот простор на хумидорот овозможуваат најголема безбедност. Сите дрвени делови може да се извадат и да се исчистат поединечно. Пластиката во внатрешниот простор и во садот за вода може едноставно да се измие. Филтерот од активен јаглен гарантира дека воздухот во внатрешниот простор нема мириси. Исто така, контролниот приказ за температура и влажност на воздухот може да се прочита однадвор. Со тоа вратата не мора да се отвора за да се изврши контрола. Со тоа се спречува опасноста да навлезат спори и штетници.