Наградуван и одликуван со признанија
Liebherr гарантира врвен квалитет на ладилници и замрзнувачи кои задоволуваат премиум-стандарди. Тоа претставува наша посветеност кон клиентите ширум светот. Независните институти како, на пример, Stiftung Warentest или Red Dot Design Award потврдуваат преку постојани тестови и анкетни прашалници пополнети од клиентите дека нашите апарати соодветствуваат на највисоките стандарди. И тоа на сите нивоа во однос на квалитетот, дизајнот и иновацијата.
Наградуван: Секогаш најдобрите оцени
Stiftung Warentest (StiWa) е германска организација за заштита на потрошувачите којашто врши независни тестирања и споредби на стоки и услуги на различни компании. Фондацијата претежно се финансира од продажба на своите публикации, особено од продажба на списанијата „test“ и „Finanztest“. Со непродавање рекламен простор, фондацијата спречува да потпадне под финансиско влијание.

Plus X Award со повеќе од 130 индустриски неутрални членови на жири од 32 земји, 32 компетентни партнери и инвестиран маркетинг волумен од преку 25 милиони евра е денес најголемата светска награда за иновации во технологијата, спортот и животниот стил. Таму, на производите кои добиваат најмалку еден фактор »Plus X« им се доделува сертификат за квалитет. Сертификатите за квалитет се доделуваат во седум различни категории: Иновација, висок квалитет, дизајн, едноставност при употреба, функционалност, ергономија и екологија.

Ова е меѓународно признат натпревар чиишто признанија како што се сертификатот за квалитет на добар дизајн се високовреднувани во експертските кругови. Со повеќе од 12000 апликации од преку 60 земји red dot design award се вбројува во најголемите светски признанија за дизајн. Натпреварот е поделен во три области за кои наградите се распишуваат независно една од друга и за кои има посебно жири: производен дизајн, комуникациски дизајн и концепциски дизајн.

Ова претставува натпревар за сите области на производниот дизајн. Тој на иновациите поврзани со дизајнот им нуди платформа за етаблирање и со тоа ги зема предвид глобализацијата и динамиката на сегашноста. Од 1953 година iF product design award важи како трговска марка за признанието за добар дизајн.

Interior Innovation Award спаѓа во најпрестижните награди за дизајн во браншата за внатрешно уредување и беше иницирана во 2002 година од imm cologne, која исто така е спонзор на натпреварот. Оваа награда оценува иновативни врвни достигнувања во сите области на производство на браншата. Организатор е Rat für Formgebung/German Design Council. Со натпреварот imm cologne и Rat für Formgebung создадоа ефективен инструмент за позиционирање на компаниите и диференцирање на производите на пазарот за уредување.

Годишното доделување на наградата од потрошувачите »KüchenInnovation des Jahres®« има за цел особено да ги потенцира производите корисни за потрошувачите и конкретно да им помогне при донесување на одлуката за купување. Оценувањето го вршат како стручните лица, така и самите потрошувачи со цел производот да биде објективно и независно оценет. Овој процес на две нивоа е особеност на наградата од публиката „KüchenInnovation des Jahres®“.
Меѓународната награда GOOD DESIGN Award важи за најстарата и најреномирана награда за производен и графички дизајн. Се доделува од 1950 година од страна на Chicago Athenaeum (Museum of Architecture and Design and Metropolitan Arts Press Ltd) и European Centre for Architecture, Art Design and Urban Studies. Дополнително, една од одлучувачките причини за доделување признание е дали производот со својот дизајн го збогатува секојдневието на човекот.
