Иднината на ладењето и замрзнувањето

Liebherr BluPerformance: Најновата технологија за ладење за максимален комфор.
Најдобрите забави се случуваат во кујната. Од оваа причина со новата генерација ладилници на Liebherr вие сте оптимално подготвени за пречек на гости. Бидејќи апаратите од серијата BluPerformance нудат максимални перформанси за ладење за да можете да ја складирате храната на најдобар можен начин и да ги изладите пијалаците на температура на служење. Соодветната функција за ладење може да се избере едноставно и интуитивно преку електрониката на допир прилагодена за корисникот. А со SmartDeviceBox можете да го контролирате вашиот ладилник од далечина за однапред да ја намалите температурата на ладење.
Оптимално ладење, помалку користење струја
Со BluPerformance успеавме да направиме квантен скок во однос на енергетската ефикасност. Сите апарати со BluPerformance се наоѓаат во класата на енергетска ефикасност A+++ или A+++/-20%. Најновите апарати се дури и 20 проценти поштедливи од ладилниците на досегашната најдобра класа на енергетска ефикасност A+++. Тоа за вас значи: Посвежа храна и уште помала потрошувачка на струја.
Повеќе место за вашата храна
Посебноста на новата генерација апарати е иновативната технологија на ладење која е интегрирана во основата на апаратот. Токму затоа апаратите со иста висина нудат значително повеќе нето капацитет. Ова за вас значи: Забележително повеќе простор за вашата храна и пијалаци.
Апаратите со BluPerformance притоа не само што се поефикасни, туку и потивки, а со тоа и ваши идеални партнери за ладење.
Видео
Врвна технологија за максимален комфор
Liebherr со новата генерација апарати со иновативни технологии си постави за цел да ви го поедностави секојдневието. Апаратите со BluPerformance не само што се штедливи, тивки, пространи и со високи перформанси, туку и се едноставни за секојдневна употреба.
BioFresh

Уникатната технологија BioFresh на Liebherr ги обединува константните температури со идеална влажност на воздухот. Па така, на пример, едамерот на температура малку над 0°C наместо 10 дена во обичен сегмент за ладење трае дури до 120 дена во преградата BioFresh. Или полската салата, полни 19 дена наместо 7 дена. Ова не само што го штеди вашиот паричник, бидејќи не да треба да фрлате расипана храна, туку ви штеди и време. Независно дали овошје, зеленчук, месо, риба или млечни производи: Благодарение на BioFresh вашата храна останува подолго свежа отколку во обичен сегмент за ладење.
BioCool

BioCool-Box овозможува регулирање на влажноста на воздухот за оптимално чување на овошје и зеленчук. На тој начин вашата храна трае подолго. За едноставно ракување боксот е поставен на лесно подвижни тркалца.
GlassLine

Внатрешноста флексибилно се прилагодува со полици од сигурносно стакло GlassLine, кое едноставно се чисти и висококвалитетни лајсни од облагороден челик. Овие не само што можат одделно да се прилагодат, туку и се многу едноставни за вадење.
Филтер со активен јаглен

Кај сите комбинирани ладилници со BluPerformance филтерот од активен јаглен за свеж воздух е интегриран во куќиштето на вентилаторите PowerCooling. Тој го прочистува воздухот кој циркулира и брзо ги врзува непријатните миризби. На тој начин во внатрешноста на вашиот ладилник се овозможува оптимален квалитет на воздухот.
Меко затворање

Апаратите со BluPerformance располагаат со висококвалитетен механизам за меко затворање на вратата. Тој може автоматски да ја повлече и затвори малку подотворената врата и овозможува меко, сигурно и тивко затворање дури и кога вратата е целосно натоварена.
SoftTelescopic

Сефовите BioFresh на премиум-апаратите се поставени на телескопски шини. Тие се опремени со механизам за самозатворање, како и со механизам за меко затворање. LED-сијаличките се грижат за тоа внатрешноста на сите прегради секогаш да биде перфектно осветлена.
Добро обмислен концепт за отворање

Висококвалитетната рачка благодарение на ергономската форма е практична за ракување. Интегрираниот механизам за отворање се грижи за прелесно отворање и затворање на апаратот. Рачката е стабилна и робусна: истрајна и по долги години постојано користење.
Видео
Елегантен дизајн
Се фокусираме на класични форми, комфор и перфектна изработка. Затоа ладилникот на Liebherr е точката на фокус во вашата кујна: Благодарение на иновативните детали и посебните површини апаратите BluPerformance се ѕвезди во секоја кујна и простор за живеење. Хармоничниот дизајн на производната серија осигурува дека вашиот ладилник со BluPerformance ќе биде модерен и по многу години користење. Зашто кај Liebherr дизајнот се соединува со техничките перформанси.
Дизајн

Исклучителен дизајн: Кај површините и формите Liebherr се фокусира на безвременска елеганција и на актуелните трендови за уредување на просторот за живеење. Дизајнерски едиции
Мултифункционална електроника на допир
Ненајавена посета или спонтана забава за викенд: Со BluPerformance можете да го прилагодите вашиот ладилник согласно вашите потреби. Вашата предност: Вие се грижите за гостите, а BluPerformance за ладните пијалаци и храната.
Екран на допир од 7 инчи

Преку интегрираниот 7 инчен екран на допир со висока резолуција 800 x 600 пиксели можете да го наштелувате вашиот ладилник според потребите. Однапред дефинираните програми како што се EnergySaver, MaxPerformance, Party или Holiday ви нудат притоа дополнителен комфор во секојдневната употреба.
Тие можат одделно да се постават преку Home-екранот и да се прегледаат со еден поглед. Интегрираната препорака за складирање прикажува колку долго одреден вид храна ја задржува свежината во определена климатска зона и информира за тоа кои витамини и минерали се содржани во неа.
Профитирајте од сеопфатните функции:
Програмата Day-to-Day е наменета за секојдневните потреби. Нуди оптимални перформанси за ладење и ефикасност при стандардните поставки за температура за сегментите за ладење и замрзнување.
Програмата EnergySaver е проширување на програмата Day-to-Day. Тука ја намалувате потрошувачката на енергија преку стандардните поставки. А тоа оди вака: Со цел да заштедите дополнителна енергија температурите во ладилникот и замрзнувачот за нијанса се зголемуваат. Зашто колку што е пониска температурата толку почесто апаратот мора да лади и на тој начин троши повеќе струја. Дополнително, преку EnergySaver добивате корисни совети на тема штедење енергија. На пример, како можете да ја одмрзнете замрзнатата храна во сегментот за ладење.
Со програмата MaxPerformance апаратот дава највисоки перформанси во однос на ладењето. Ова е особено интересно кога сакате да изладите многу производи за релативно кратко време.
Програмата Party е идеална за подготовки за прослава: Се активираат SuperCool и SuperFrost за да може да се складира и излади за кратко време големо количество храна. Bottle-Timer ги лади вашите пијалаци брзо во сегментот за замрзнување. За да се изладат до оптимална температура за пиење само го внесувате бројот на шишиња како и вкупната литража. Откако ќе биде постигната оптималната температура, се вклучува аларм.
Програмата Holiday ја минимизира потрошувачката на енергија за време на одморот или подолго отсуство од дома. Сегментот за ладење е поставен на 15°C. Температурата во замрзнувачот притоа останува константна на претходно наштелуваната вредност од -18°C.
2,4 инчен екран

Како алтернатива за 7 инчниот екран на допир во серијата BluPerformance има и 2,4 инчен екран на допир кој се наоѓа зад вратата. На овој екран се прикажува температурата во сегментите за ладење и замрзнување. Благодарение на високата резолуција и силниот контраст тој е воочлив и оптимално читлив од секој агол. Менито е едноставно и интуитивно за ракување.