Добри причини

Кој се стреми кон највисок квалитет не треба да прави компромиси. Ние во Liebherr со нашето искуство гарантираме висококвалитетни премиум-производи и тоа повеќе од 60 години. Големата програма за апарати за многу области на примена се одликува со интуитивно ракување, енергетска ефикасност, класичен дизајн и многу практични функции кои се грижат за задржување на свежината и квалитетот и кои придонесуваат кон здрав и модерен животен стил.

Дополнително, при развојот на нови апарати централна улога игра нашиот одржлив и одговорен однос кон животната средина, за што потврда се значајните признанија и сертификати кои ги имаме добиено. За Liebherr постојат многу добри причини – кога да ја донесете вашата добра и вистинска одлука?

Како специјализирана компанија за ладилници и замрзнувачи развиваме и произведуваме повеќе од 60 години последователно иновативни и убедливи производни решенија. Притоа довербата на нашите клиенти е наш секојдневен поттик да работиме и понатаму на висококвалитетни производи. Кај ниту еден друг произведувач во областа на електричните апарати не се случува толку многу потрошувачи при купување нов производ да се одлучат да останат лојални на нивната марка, како што е случајот кај Liebherr.

За да обезбедиме сигурност на сите производи, ние во Liebherr употребуваме исклучиво најквалитетни материјали и компоненти за производство на апаратите. Уште во самиот процес на производство кај секој апарат интензивно се испитува квалитетот и функционалноста. Со постојана работа на понатамошно развивање на апаратите и на оптимизирање на сите компоненти до најмал детаљ го овозможуваме надалеку познатиот квалитет на Liebherr.

Осигурување квалитет на Liebherr

Висококвалитетни материјали и класични форми – преку ова уникатно поврзување нашите ладилници и замрзнувачи ги исполнуваат највисоките стандарди. Независно дали кај комфор или кај премиум-апаратите – комбинацијата од висококвалитетен облагороден челик со прецизното електронско управување и елегантната опременост овозможуваат безвременска елеганција која секогаш одново воодушевува.

Специјален дизајн

Кај нашите апарати вградувањето функционира многу едноставно: Овозможуваме сигурно и стабилно вградување на ладилниците во кујнскиот мебел. На тој начин ладилникот ќе си ја извршува перфектно својата функција и ќе се постигне оптимално затворање на вратата, како и идеален режим на ладење.

Вградливи апарати Домаќинство

„Сносиме одговорност“: Оваа основна вредност на Liebherr за нас започнува веќе со концепцијата на нашите ладилници и замрзнувачи. Затоа, во нашите уреди вградуваме висококвалитетни делови, за да можеме, покрај големата долготрајност и сигурното функционирање, да постигнеме најдобра енергетска ефикасност и висока ефикасност на ресурсите. Чувствуваме деловна одговорност за нашите вработени, околината и општеството на сите нивоа и во целосниот синџир на испорака – од купување до рециклирање. Соодветно на тоа, нашите деловни локации ги опремуваме со сертификати за меѓународни ISO-норми за квалитет, околина и енергија и се ориентираме кон меѓународни социјални стандарди.

Паралелно со „целта за постојано развивање на Обединетите Нации“ Liebherr-Hausgeräte GmbH веќе ја постави својата стратешка обврска да се однесува одговорно во 2015 година преку своите „Регулативи за постојана економија“. За Liebherr-Hausgeräte GmbH не се поставува прашањето дали индустријата и економијата мора да направат значаен придонес за имплементација на агендата за одржливост, за да ја постават основата за едно општество за живеење.

Со примена на најмодерна електроника во комбинација со високоефикасни системи за ладење Liebherr нуди за сите групи производи атрактивна и суперштедлива програма во најдобрите класи за енергетска ефикасност. Тоа ја чува животната средина и е добро за паричникот.

Специјална заштеда на енергија

Технологијата BioFresh на Liebherr гарантира перфектна клима за долготрајна свежина. На температура малку повисока од 0 °C и идеална влажност на воздухот овошјето и зеленчукот, месото, рибата и млечните производи ги задржуваат витамините, деликатната арома и вкусниот изглед многу подолго отколку во обичниот сегмент за ладење.

Перфектно складирање на храната

Никогаш повеќе чистење мраз: За сигурна долготрајна свежина нашите апарати со NoFrost технологија нудат капацитет на ладење со професионален квалитет. Храната се замрзнува со ладен циркулирачки воздух, а влажноста се испушта. На тој начин ладилникот е постојано чист, без слоеви мраз, а исто така и храната.

Исклучителниот квалитет на производот и дизајнот на нашите апарати постојано е наградуван од независни институции. Liebherr ја доби наградата за трговска марка во 2012 година (»Fachhandelsmarke 2012«) во рамките на Plus X Award. И Stiftung Warentest редовно ги оценува нашите производи со одлични оцени.

Признанија за апаратите Liebherr

Независно дали самостојни ладилници и замрзнувачи, подпултни или вградени, дали станува збор за ладење, замрзнување или и двете во комбинација – со асортиман од преку 200 модели Liebherr нуди перфектно решение за свежина според желбата на речиси секој клиент.

Производи

Независно дали е за приватна или професионална употреба: Нашите ладилници и замрзнувачи се синоним за квалитет, сигурност и долг животен век.

Видео

Во видеото ќе погледнете со колкава внимателност ги тестираме сите компоненти за да овозможиме перфектно и сигурно функционирање и највисок квалитет. Пушти видео