Ладилници и замрзнувачи за истражување и лабораторија

Ладилниците и замрзнувачите што служат за примена во лабораторија и при истражување мора да исполнуваат големи барања. Со помош на прецизна електроника и прецизно поставување на температурата, лабораториските уреди од Liebherr овозможуваат одлична постојаност на температурата. Бројните функции и корисни детали на опремата овозможуваат осетливите супстанции и нежните хемикалии и материјали за истражување да се складираат најдобро што може. Исто така, ладилниците и замрзнувачите се долготрајни и заштедуваат енергија.

Истражување и лабораторија

Област на примена Лаборатории

При развојот на уредите за лабораторија, вниманието, пред сè, се поставува на безбедно складирање на осетливите супстанции како и на оптимално контролирање на ладењето. Ладилниците и замрзнувачите од Liebherr не ги исполнуваат само важечките стандарди за безбедност, туку придонесуваат и кон економичното работење. Дознајте повеќе за уредите за лабораторија од Liebherr. Област на примена Лаборатории

Ладилници за лаборатории

Во уредите за лабораторија од Liebherr се складираат многу осетливи материјали при оптимални услови. Ако има прекин на струјата, ако вратата е отворена и ако има пораст на температурата, уредите веднаш активираат аларм. Дополнителен софтвер за документација постојано го прикажува текот на температурата – и во случај на грешки, алармните системи предупредуваат ако се пречекорат дефинираните температурни граници. Професионалната електроника опфаќа приклучок со далечински систем за предупредување како и интерфејс RS 485. Ладилници за лаборатории

Замрзнувачи за лаборатории

Во замрзнувачите од Liebherr најдобро се складираат осетливи материјали. Ако има прекин на струјата, ако вратата е отворена и ако има пораст на температурата, уредите предупредуваат преку визуелни и звучни сигнали. Професионалната електроника овозможува едноставна и сигурна документација на текот на температурата. Замрзнувачи за лаборатории

Уреди за складирање лекови

За примена во аптеки, болници и слични установи, ладилниците мора да ги исполнуваат големите потреби при складирање лекови. Уредите од Liebherr, имаат многу функции за безбедно чување, во согласност со DIN 58345. Уреди за складирање лекови

Ултра-замрзнувачи

Ултра-замрзнувачите се движат во температурното подрачје од - 40 °C до - 86 °C. Тие ви нудат безбедност којашто е потребна во лабораториската и истражувачката област – 24 часа на ден, 365 дена во годината. Ултра-замрзнувачи

Брошури

Искусете ги разновидните фрижидери и замрзнувачи на Liebherr. Без разлика дали се работи за лаборатории или пекари, брошурите ви даваат увид во нашата широка палета. За преглед на брошура за индустриски апарати

Советување

Со задоволство ќе ве советуваме за прашања пред и по купувањето во врска со употребата и ракувањето со производите и ќе одговориме на прашањата во врска со апаратите за домаќинство на Liebherr. Консултирајте се сега без обврска

Осигурување квалитет

Со цел да ги исполниме нашите високи стандарди за квалитет, во Liebherr сите производствени фази подлежат на строга контрола. Управување со квалитет

Продажба

Дали сакате да видите како работи уред на Liebherr во живо пред да го купите? Нашите најблиски специјализирани претставници со задоволство ќе ви помогнат. Кон пребарување претставник