Вие се наоѓате овде
Refrigeration and freezing: Products & Services for Република Северна Македонија
Други веб-сајтови за Република Северна Македонија
Нашите апарати за ладење постојано се рангирани на највисоките позиции. И не само во однос на економичноста.
Кога станува збор за ефикасноста, ние сме фокусирани на повеќе фактори одеднаш, а не само на еден. Или кажано поинаку: за нас важи правилото дека сите добри нешта доаѓаат во пакет од пет.
Од 1 март 2021 година електричните уреди добија нова енергетска ознака.
Претходната енергетска ознака нудеше многу ограничена помош при одлуката за купување. Така, покрај класа А, имаше и класи А+, А++ и А+++. Новата ознака значи дека сте поштедени од четврти или петти плус. Апаратите повторно ќе бидат распределени на скалата на ефикасност од А до Г.
Воведувањето на новата ознака дополнително ја инспирира нашата страст за иновации. Повторно ги оптимизиравме нашите апарати, така што тие сега ги заземаат врвните класи на ефикасност на пазарот. Сепак, ние сакаме уште повеќе да ги подобриме овие врвни резултати. Затоа, работиме на идните иновации.
Нашите апарати за ладење трошат многу малку електрична енергија. Затоа, не е изненадување што многу уреди на „Либхер“ лесно спаѓаат во најекономичните класи на енергетска ефикасност. Оваа ефикасност има две предности: ја заштитува животната средина и ја намалува сметката за струја. Ниските нивоа на потрошувачка немаат никакво влијание врз ладењето, па така вашата храна останува свежа долго време.