SIFNdi 4155 Prime NoFrost Фрижидер за замрзнување што може да се вгради со NoFrost
NoFrost
Кога ќе го отворите вашиот замрзнувач, сакате да видите замрзната храна, а не мраз. NoFrost го штити замрзнувачот од несаканиот мраз, со кој се троши многу енергија и понекогаш е скапо. NoFrost значи: Нема повеќе макотрпно и долготрајно одмрзнување на замрзнувачот, ќе имате повеќе време за други работи и ќе заштедите пари.
Екран на допир и лизгање
Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.
SoftSystem
Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.
VarioSpace
Барате место каде што ќе можете безбедно да чувате повеќекатна торта со сладолед до летната забава? Тоа не претставува никаков проблем за фрижидерот од Liebherr: тој знае дека понекогаш едноставно ви треба повеќе простор. Благодарение на VarioSpace, можете да ги отстраните поединечните фиоки од фрижидерот - и чудо: ете ви екстра висок простор за складирање!
SuperSilent
Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.
ЛЕД-осветлување на замрзнувачот
Кога ќе ги отворите фиоките во вашиот Liebherr замрзнувач, не само што ќе бидете воодушевени од глетката на вашите намирници - туку и од привлечното осветлување: За сето тоа се грижат моќни, издржливи и еколошки LED диоди. Осветлувањето го прави прегледот на содржината уште полесен и во исто време е необичен дизајнерски елемент.
SuperFrost
Дали сакате да ја замрзнете вашата свежа храна така што ќе ги зачува витамините? Едноставно активирајте SuperFrost и замрзнувачот ќе го зголеми капацитетот на ладење. Ова ја одржува температурата константна кога ставате незамрзната храна во него. SuperFrost исто така заштедува енергија: Ако не ја деактивирате функцијата рачно, таа автоматски ќе се деактивира по 65 часа.