ICBNd 5153 Prime BioFresh NoFrost Комбинација за ладење и замрзнување што може да се вгради, со BioFresh и NoFrost

Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 177,2 - 178,8 / 56 - 57 / 55,0 cm
Вкупна зафатнина 245 l
Тип на вградување Интегрирачко
Монтажа на врати Фиксна врата
Класа на енергетска ефикасност D
Технологија за свежина BioFresh
Технологија на ладење NoFrost

Опрема

NoFrost

NoFrost

Кога ќе го отворите вашиот замрзнувач, сакате да видите замрзната храна, а не мраз. NoFrost го штити замрзнувачот од несаканиот мраз, со кој се троши многу енергија и понекогаш е скапо. NoFrost значи: Нема повеќе макотрпно и долготрајно одмрзнување на замрзнувачот, ќе имате повеќе време за други работи и ќе заштедите пари.

Фиока за овошје и зеленчук

Фиока за овошје и зеленчук

Свежа салата или јагоди: Најчувствителната храна заслужува посебно место за да остане свежа подолго: Фиоки BioFresh. Во фиоката „Fruit & Vegetable“ температурата е близу до 0°С. Заедно со зголемената влажност и благодарение на доброто заптивање, непакуваните овошје и зеленчук остануваат свежи подолго време. Не мора ништо да прилагодувате.

Фиока Meat & Dairy

Фиока Meat & Dairy

Дали сакате нежното филе од телешко месо или свежо млеко да останат свежи што е можно подолго? Фиоките BioFresh нудат: Температурата во фиоката „Meat & Dairy“ е близу до 0°C – идеални услови за складирање и на најчувствителната храна. И најдоброто: Сè е совршено фабрички поставено за лесна употреба и за подолга свежина.

DuoCooling

DuoCooling

Благодарение на два потполно одделни кола за ладење, DuoCooling осигурува дека нема размена на воздух помеѓу ладилникот и замрзнувачот. Храната не се исуши и мирисот не се пренесува. А тоа значи: помалку фрлање, помалку купување, но и поголема заштеда и уживање.

LightTower

LightTower

Очекувајте оптимално осветлена внатрешност: LightTower ја прикажуваат храната во најдобро светло. Поставени се на таков начин и што полниот фрижидер е секогаш добро осветлен. Бидејќи LightTower е интегриран во страничните sидови, има и повеќе простор за вашата храна.

Екран на допир и лизгање

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

Простор за тава за печење 

Простор за тава за печење 

Дали сакате домашните овошни колачи да останат свежи? Или подготвена пица што сè уште не треба да се пече? Само ставете ја тавата за печење во Liebherr – имате доволно простор. Особено практично: Може да ставате и вадите тава за печење кога вратата е отворена 90°.

SmartSteel во внатрешноста

SmartSteel во внатрешноста

SmartSteel на внатрешната врата и на задниот ѕид му даваат благороден изглед на вашиот Liebherr. И вашите намирници ќе го засакаат SmartSteel: Нерѓосувачкиот челик е хигиенски и безбеден за храна. Покрај тоа, SmartSteel ја намалува видливоста на отпечатоците – што го прави погледот уште поубав.

SoftSystem

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

SoftTelescopic

SoftTelescopic

Со нетрпение очекуваме да ги отворите фиоките BioFresh: Не само поради свежата храна – туку и затоа што отворањето е толку лесно, а затворањето е автоматско и тивко. Ова се должи на телескопските шини по кои лесно се движат фиоките. И бидејќи целосно се повлекуваат, ќе имате најдобар можен преглед на содржината во фиоките.

Систем PowerCooling

Систем PowerCooling

Дали сакате да бидете сигурни дека студот е рамномерно распореден во вашиот уред за ладење? Системот PowerCooling обезбедува: Подеднакво моќен и тивок вентилатор кој ефикасно го дистрибуира студениот воздух низ целиот фрижидер.

SuperSilent

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

ЛЕД-осветлување на замрзнувачот

ЛЕД-осветлување на замрзнувачот

ЛЕД-осветлувањето на замрзнувачот обезбедува пријатно светло во фиоките за замрзнување. На тој начин, уште полесно ќе ја пронајдете храната што ја барате. Енергетски ефикасната ЛЕД-единица е елегантно поставена над фиоките за да заштеди простор.

ЛЕД-осветлување на BioFresh

ЛЕД-осветлување на BioFresh

Радувајте се на свежото овошје и зеленчук: ЛЕД-осветлувањето на BioFresh во најдобро можно светло ја покажува храната во фиоките BioFresh. Осветлувањето е поставено на средина, над фиоките BioFresh и е дополнето со ЛЕД-ленти од двете страни. Тие се протегаат до горната фиока BioFresh и целосно ја осветлуваат.

Одделна контрола на температурата

Одделна контрола на температурата

Секоја храна има своја оптимална температура – без разлика дали е замрзната или разладена. Затоа, вашиот фрижидер со замрзнувач има посебни кола за ладење: Температурите во фрижидерот и замрзнувачот може да ги контролирате одделно. Во секоја ситуација, изберете ја температурата што е најдобра за вашата храна. Сосема едноставно и сигурно.

Поставување јазик

Поставување јазик

"Отсега па натаму, секогаш ќе се чувствувате добро со вашиот Liebherr: Затоа што тој го зборува вашиот јазик. Ова е овозможено со поставката за избор на јазик. Кога ќе го стартувате апаратот, едноставно изберете од еден дванаесетте јазици на екранот и ракувајте со вашиот Liebherr на јазик по ваш избор. "

CleaningMode

CleaningMode

Досега, при чистење на фрижидерот, моравте да одлучувате: Да го исклучам за да заштедам струја? Или оставам вклучен за подобро да гледам со осветлувањето? CleaningMode ве ослободува од оваа дилема: Ладењето се исклучува, а осветлувањето останува вклучено. Со ова чистењето на Liebherr ќе биде релаксирано.

EnergySaver

EnergySaver

Дали сакате во исто време да штедите и енергија и пари? Liebherr знае дека сакате, затоа го вклучи режимот за заштеда на енергија. Кога го активирате EnergySaver, стандардната температура се зголемува за два степени. На вашиот Liebherr му треба уште помалку електрична енергија – а храната останува свежа.

PartyMode

PartyMode

Слободно пречекувајте гости затоа што и вашиот Liebherr е расположен за забава: Веднаш штом ќе вклучите PartyMode, фрижидерот подготвува ладни пијалаци и дополнителни коцки мраз. Во PartyMode се активираат функциите SuperCool и максимално производство на мраз. По 24 часа, Liebherr автоматски се враќа на вообичаениот режим.

Заклучување на екранот

Заклучување на екранот

Осветлените екрани се магнет за децата – тоа го знае и Liebherr. Затоа, има опција за заклучување на екранот: Со неа се спречува ненамерно менување на поставките на вашиот фрижидер. Се разбира, постои можност за деактивирање на заклучувањето на екранот.

SuperFrost

SuperFrost

Дали сакате да ја замрзнете вашата свежа храна така што ќе ги зачува витамините? Едноставно активирајте SuperFrost и замрзнувачот ќе го зголеми капацитетот на ладење. Ова ја одржува температурата константна кога ставате незамрзната храна во него. SuperFrost исто така заштедува енергија: Ако не ја деактивирате функцијата рачно, таа автоматски ќе се деактивира по 65 часа.

Аларм кога ќе снема струја

Аларм кога ќе снема струја

Вашиот Liebherr е вистински ангел чувар на храната: Во случај да снема струја, тој вклучува аларм. Алармот не само што е звучен, туку е и визуелен. Екранот ја покажува највисоката температура што е достигната во замрзнувачот. Но, никогаш нема да ве вознемирува непотребно: Ако не дојде до критично зголемување на температурата при краток прекин на струја, алармот останува исклучен.

HolidayMode

HolidayMode

Дали патувате? Ако е така, испратете го Liebherr на одмор: Во HolidayMode вентилаторот и SuperCool се исклучени и фрижидерот ја регулира температурата на +15°C. Ова заштедува електрична енергија, но сепак спречува непријатни мириси. Се разбира, замрзнувачот останува вклучен.

BottleTimer

BottleTimer

Знаете што се случува често? Ставате шише вино во замрзнувачот, за брзо да се олади – и го заборавате. Со BottleTimer ова никогаш повеќе нема да се случи: Со активирање на SuperFrost, се обезбедува дополнително брзо ладење. И штом шишето има идеална температура, Lieberr ќе ве потсети преку апликацијата да го извадите од замрзнувачот.

SuperCool

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.

Аларм за врата

Аларм за врата

Алармот за вратата на Liebherr гарантира дека не користите непотребна енергија и не ја расипувате храната: Веднаш штом вратата на ладилникот ќе остане предолго отворена, таа ќе ве предупреди – со пулсирачко светло и со предупредувачки тон. Вие одлучувате што значи поимот „предолго“: Во зависност од поставката, алармот за вратата се активира по 1, 2 или 3 минути.

SabbathMode

SabbathMode

Во Sabbath, сите активности се запрени – ова важи и за електричните уреди. Liebherr го има ова предвид. Во SabbathMode, целото осветлување на ладилникот е исклучено, како и сите тонови, звуци и дисплејот. SabbathMode се деактивира по 80 часа.

Аларм за температура

Аларм за температура

Во замрзнувачот, храната е безбедна дури и во случај на дефект: Алармот за температура ве предупредува штом температурата достигне критично ниво. Алармот е и звучен и визуелен. Екранот покажува колку е зголемена температурата. Се разбира, може рачно да го исклучите алармот.

Сад со путер

Сад со путер

Исто така, имајте високи очекувања за садот за чување путер: Садот треба да биде безвременски убав и совршено да се вклопува во внатрешната врата на ладилникот. Низ транспарентниот капак, секогаш ќе може да видите уште колку путер има. Покрај тоа, капакот и основата, кои може да се мијат во машина за садови, се заклучуваат толку безбедно што може да го носите држејќи го само капакот со една рака.

Филтер FreshAir со активен јаглен

Филтер FreshAir со активен јаглен

Мирисот на некои јадења е помалку пријатен. Но, тоа не е проблем за вашиот Liebherr: Благодарение на филтерот FreshAir со активен јаглен, секогаш има свеж воздух во внатрешноста. Филтерот се наоѓа веднаш до протокот на воздух во куќиштето на вентилаторот и во голема мера ги неутрализира мирисите. Екранот ве потсетува да го смените филтерот.

Полица за јајца 2-во-1

Полица за јајца 2-во-1

Дали сакате кокошкини јајца? Сака и Liebherr – затоа тој има полица за јајца 2-во-1. Не само што нуди простор за 20 пилешки јајца, туку и за 24 јајца од препелица. Полицата за јајца се состои од надворешен и внатрешен дел, кои може да се склопуваат заедно на различни начини. Со превртување на полицата може да се користи делот за јајца од препелица.

Ладна кутија

Ладна кутија

Ладните кутии нудат двојна корист – и во затворени простории и на отворено. Во замрзнувачот, тие ја чуваат замрзнатата храна ладно одредено време во случај да снема струја. А кога ќе одите на пикник ќе ви служат како ладилник за храна и пијалаци. Патем: Кај моделите SmartFrost, тие се чуваат во таванот на замрзнувачот за да заштедат простор.

Сад за коцки мраз со капак

Сад за коцки мраз со капак

Дали некогаш сте истуриле вода додека се обидувате до фрижидерот да однесете сад за мраз полн со вода? Благодарение на садот за коцки мраз со капак, ова нема да ви се случи во иднина: Едноставно наполнете вода во отворот – мерната линија ви ја покажува оптималната количина на вода. Лесно ќе добивате до 32 коцки мраз.

Заменлива заптивка на вратата 

Заменлива заптивка на вратата 

Дали, по неколку години, сакате да ја замените заптивката на вратата на Liebherr? Лесно ќе го направите ова сами: Заменливата заптивка на вратата може да се отстрани во неколку едноставни чекори, а и новата заптивка се мести исто толку лесно. Ова значи дека овој дел од фрижидерот е секогаш беспрекорен и хигиенски чист.

Технички податоци

Група на производ Комбинација за ладење и замрзнување со BioFresh и NoFrost што може да се вгради
GTIN 4016803042556
Series Prime
Класа на енергетска ефикасност D
Годишна потрошувачка на енергија 207,00 kWh/a
Климатска класа SN-ST
Нивото на бучава 34 dB
Напон 220-240 V ~
Фреквенција 50-60 Hz
Приклучна вредност 1,4 A 183 W
Управување advanced UI
Anzahl Temperaturzonen 3
Број на контролни кола за ладење 2
Приказ на температурата Преграда на фрижидер и замрзнувач и BioFresh фиока
SuperCool може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
SuperFrost може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Аларм кога ќе снема струја може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Аларм за дефект на уредот може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Аларм за отворена врата на фрижидерот може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Аларм за отворена врата на замрзнувачот може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
AlarmLightAmplifier може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
BottleTimer може да се прилагоди преку апликацијата
CleaningMode може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
EnergySaver може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
IceCubeTimer може да се прилагоди преку апликацијата
Поставување јазик може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
NightMode може да се прилагоди преку апликацијата
SabbathMode може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Аларм за температура на замрзнувачот може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Заклучување на екранот може да се прилагоди преку уредот
HolidayMode може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
PartyMode може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Прилагодлив температурен опсег во преградата на фрижидерот +3 °C до +9 °C
Регулирање на влажноста feuchtes Kühlteil
Клима зони на дел за ладење Сеф за месо и млечни производи / Сеф за овошје и зеленчук
Технологија за свежина BioFresh
Број на BioFresh сефови 2
вклучувајќи тркалца коишто може да се продолжат 0
се извлекува на телескопските шини
со SoftTelescopic
Променливо употребливо како сеф за овошје и зеленчук или сеф за месо и млечни производи 1
Внатрешно осветлување во фиоките BioFresh ЛЕД осветлување
Процес на одмрзнување автоматски
Кружење на ладењето
Филтер FreshAir во вентил
Систем во фрижидерот за извлекување фиоки целосно вадливи телескопски лизгачи со механизам за само-затворање и меко затворање
SoftSystem SoftSystem
Внатрешно осветлување на дел за ладење двостран светлосен панел
Број на полиците во делот за ладење 4
разделиво 1
оттаму прилагодив по висина 3
InfinitySpring
Фиоки OpenStage
Складирање на шишиња интегрирана
Број на полици за шишиња 1
Број на полици за конзерви 1
VarioBox може да се прошири
Број на Vario кутии 2
Сад за путер
Полица за јајца варијабилно
Број на FlexSystem 0
Полици за врата Flaschen- und Konservenabsteller
Полици на внатрешниот дел на вратата со прилагодлива висина Прилагодливи само во неколку чекори
Количка на извлекување
Опсег на температура на преграда на замрзнувач -15 °C до -26 °C
Технологија на ладење NoFrost
Позиција за замрзнувач долу
Процес на одмрзнување автоматски
Време на складирање при грешка 9,00 h
Вкупен капацитет на замрзнување 6,00 kg / 24h
Број на фиоки во преграда на замрзнувач 3
FrostSafe со целосно затворени фиоки со проѕирен преден дел
Систем за извлекување во преградата на замрзнувачот ohne Auszugssystem (mit Glasplatte)
Внатрешно осветлување на преграда на замрзнувач ЛЕД осветлување
Замрзнувач со 4 ѕвездички
Врата на комора за замрзнување со 4 ѕвездички
Број на стаклени полици кај замрзнувач со 4 ѕвезди 0
VarioSpace
IceMaker
Осветлување на фиоката IceMaker
Wasserzuleitung
Сад за коцки мраз Сад за коцка мраз со капак
Број на сад за коцки мраз 1
Број на филтри за вода 0
Број на батерии за ладење 2
Број на послужавници за замрзнување 0
Sternekennzeichen 4
Знак за ѕвезда 4
Сув заден ѕид
Материјал сув заден ѕид Не’рѓосувачки челик со SmartSteel
Декор за внатрешни врати
Дизајн на внатрешни полици на врата Премиум GlassLine
Материјал на полици на врата Стакло со лајсна од не'рѓосувачки челик
Материјал на полици на дел за ладење Стакло
Материјал на прилагодливи полици, преграда на замрзнувач Стакло
Материјал на врата Челик
Тип на вградување Интегрирачко
Монтажа на врати Фиксна врата
Стопирач за врата може да се смени десно
Промена на шарката на вратата можно е самостојно
Агол на отварање на врати 115°
Заптивање на вратата може да се смени
Ногалки со приспособлива висина 2
Шини за порамнување
Број на шини за порамнување 2
Вентилација Вентилација во мебел
Декоративна рамка
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 177,2 - 178,8 / 56 - 57 / 55,0 cm
Висина / ширина / длабочина (со пакување) 1.829,0 / 572,0 / 622,0 mm
Тежина (без пакување) 69,50 kg
Тежина (со пакување) 73,50 kg
Вкупна зафатнина 245 l
Волумен на прегради за ладење 175 l
оттаму BioFresh 71,2 l
Волумен на прегради за замрзнување 70 l

Преземања

Награди

If Design Award

If Design Award

Забелешка: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени, грешки и отстапувања од сликите и текстуалната содржина во споредба со оригиналниот уред.