ICNd 5133 Plus NoFrost Вградлива комбинација за ладење и замрзнување со EasyFresh и NoFrost
IceMaker со резервоар за вода
IceMaker со резервоар за вода обезбедува иновативно решение кога има лош квалитет на вода или недостиг на вода. Може лесно да се отстрани за полнење.
EasyFresh
Нашата фиока EasyFresh гарантира свежина на пиљарата во вашиот дом. Без разлика дали е овошје или зеленчук: сè е оптимално зачувано. Благодарение на доброто заптивање, храната ја зголемува влажноста во фиоката. Ова значи дека храната останува свежа подолго време.
NoFrost
Кога ќе го отворите вашиот замрзнувач, сакате да видите замрзната храна, а не мраз. NoFrost го штити замрзнувачот од несаканиот мраз, со кој се троши многу енергија и понекогаш е скапо. NoFrost значи: Нема повеќе макотрпно и долготрајно одмрзнување на замрзнувачот, ќе имате повеќе време за други работи и ќе заштедите пари.
DuoCooling
Благодарение на два потполно одделни кола за ладење, DuoCooling осигурува дека нема размена на воздух помеѓу ладилникот и замрзнувачот. Храната не се исуши и мирисот не се пренесува. А тоа значи: помалку фрлање, помалку купување, но и поголема заштеда и уживање.
Екран на допир
Извонреден допир: Со екранот на допир, ракувањето со Liebherr е лесно и интуитивно. Сите функции се јасно распоредени на екранот. На пример, со лесен допир со прстот може лесно да ги изберете функциите или да ја проверите тековната температура на вашиот фрижидер.
IceMaker со резервоар за вода
Без разлика дали се работи за забава или спонтан коктел, интегрираниот IceMaker значи дека секогаш ќе имате доволно коцки мраз на залиха. Со IceMaker со резервоар за вода, едноставно го полните отстранливиот резервоар за вода. MaxIce функцијата ви овозможува да произведувате до 1,5 kg коцки мраз дневно. Сепараторот во садот за лед помага да се подели фиоката како што сакате, на пример, коцки мраз на лево, сладолед на десно.
SoftSystem
Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.
VarioSpace
Барате место каде што ќе можете безбедно да чувате повеќекатна торта со сладолед до летната забава? Тоа не претставува никаков проблем за фрижидерот од Liebherr: тој знае дека понекогаш едноставно ви треба повеќе простор. Благодарение на VarioSpace, можете да ги отстраните поединечните фиоки од фрижидерот - и чудо: ете ви екстра висок простор за складирање!
SuperSilent
Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.
SuperFrost
Дали сакате да ја замрзнете вашата свежа храна така што ќе ги зачува витамините? Едноставно активирајте SuperFrost и замрзнувачот ќе го зголеми капацитетот на ладење. Ова ја одржува температурата константна кога ставате незамрзната храна во него. SuperFrost исто така заштедува енергија: Ако не ја деактивирате функцијата рачно, таа автоматски ќе се деактивира по 65 часа.
SuperCool
Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.