IRBd 4050 Prime BioFresh Фрижидер што може да се вгради со BioFresh


Фиока Meat & Dairy

Дали сакате нежното филе од телешко месо или свежо млеко да останат свежи што е можно подолго? Фиоките BioFresh нудат: Температурата во фиоката „Meat & Dairy“ е близу до 0°C – идеални услови за складирање и на најчувствителната храна. И најдоброто: Сè е совршено фабрички поставено за лесна употреба и за подолга свежина.

LightTower

Очекувајте оптимално осветлена внатрешност: LightTower ја прикажуваат храната во најдобро светло. Поставени се на таков начин и што полниот фрижидер е секогаш добро осветлен. Бидејќи LightTower е интегриран во страничните sидови, има и повеќе простор за вашата храна.

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

SmartSteel на задниот ѕид

Задниот ѕид од SmartSteel му дава елегантен изглед на вашиот Liebherr. И вашите намирници ќе го засакаат SmartSteel: Нерѓосувачкиот челик е хигиенски и безбеден за храна. Покрај тоа, SmartSteel ја намалува видливоста на отпечатоците – што го прави погледот уште поубав.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

SoftTelescopic

Со нетрпение очекуваме да ги отворите фиоките BioFresh: Не само поради свежата храна – туку и затоа што отворањето е толку лесно, а затворањето е автоматско и тивко. Ова се должи на телескопските шини по кои лесно се движат фиоките. И бидејќи целосно се повлекуваат, ќе имате најдобар можен преглед на содржината во фиоките.

Таванско ЛЕД-осветлување

Таванското ЛЕД-осветлување ја осветлува внатрешноста одозгора – за добар преглед на вашата храна. Екстра осветлено: ЛЕД-диодите се поставени пред стаклените полици така што фрижидерот е добро осветлен дури и кога е полн.

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.