IRBd 4121 Plus BioFresh Фрижидер што може да се вгради, со BioFresh


Фиока за овошје и зеленчук

Свежа салата или јагоди: Најчувствителната храна заслужува посебно место за да остане свежа подолго: Фиоки BioFresh. Во фиоката „Fruit & Vegetable“ температурата е близу до 0°С. Заедно со зголемената влажност и благодарение на доброто заптивање, непакуваните овошје и зеленчук остануваат свежи подолго време. Не мора ништо да прилагодувате.

SmartDeviceBox е надградлив

Дали сакате спремни да ја дочекате иднината на паметни домови? Liebherr со задоволство ќе се вклучи во потфатот: Може да го надградите со SmartDeviceBox, со кој вашиот Liebherr се поврзува онлајн. SmartDeviceBox се инсталира во неколку едноставни чекори и ви го отвора целиот свет на дигитални можности уште денес.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

Странично ЛЕД-осветлување од двете страни

За брз преглед на фрижидерот: Благодарение на страничното ЛЕД-осветлување од двете страни, вашата храна секогаш е на повидок. ЛЕД-диодите се поставени така што големиот фрижидер ќе биде осветлен и кога има храна во него. И бидејќи ЛЕД-диодите се вградени во страничните ѕидови, корисната површина е целосно слободна.

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.