IRBd 5121 Plus BioFresh Фрижидер што може да се вгради со BioFresh

Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 177,2 - 178,8 / 56 - 57 / 55,0 cm
Вкупна зафатнина 275 l
Нивото на бучава 34 dB

Фиока за овошје и зеленчук

Фиока за овошје и зеленчук

Свежа салата или јагоди: Најчувствителната храна заслужува посебно место за да остане свежа подолго: Фиоки BioFresh. Во фиоката „Fruit & Vegetable“ температурата е близу до 0°С. Заедно со зголемената влажност и благодарение на доброто заптивање, непакуваните овошје и зеленчук остануваат свежи подолго време. Не мора ништо да прилагодувате.

Фиока Meat & Dairy

Фиока Meat & Dairy

Дали сакате нежното филе од телешко месо или свежо млеко да останат свежи што е можно подолго? Фиоките BioFresh нудат: Температурата во фиоката „Meat & Dairy“ е близу до 0°C – идеални услови за складирање и на најчувствителната храна. И најдоброто: Сè е совршено фабрички поставено за лесна употреба и за подолга свежина.

Екран на допир

Екран на допир

Извонреден допир: Со екранот на допир, ракувањето со Liebherr е лесно и интуитивно. Сите функции се јасно распоредени на екранот. На пример, со лесен допир со прстот може лесно да ги изберете функциите или да ја проверите тековната температура на вашиот фрижидер.

SoftSystem

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

Простор за тава за печење 

Простор за тава за печење 

Дали сакате домашните овошни колачи да останат свежи? Или подготвена пица што сè уште не треба да се пече? Само ставете ја тавата за печење во Liebherr – имате доволно простор. Особено практично: Може да ставате и вадите тава за печење кога вратата е отворена 90°.

Систем PowerCooling

Систем PowerCooling

Дали сакате да бидете сигурни дека студот е рамномерно распореден во вашиот уред за ладење? Системот PowerCooling обезбедува: Подеднакво моќен и тивок вентилатор кој ефикасно го дистрибуира студениот воздух низ целиот фрижидер.

SuperSilent

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

Странично ЛЕД-осветлување од двете страни

Странично ЛЕД-осветлување од двете страни

За брз преглед на фрижидерот: Благодарение на страничното ЛЕД-осветлување од двете страни, вашата храна секогаш е на повидок. ЛЕД-диодите се поставени така што големиот фрижидер ќе биде осветлен и кога има храна во него. И бидејќи ЛЕД-диодите се вградени во страничните ѕидови, корисната површина е целосно слободна.

FlexCube

FlexCube

Сакате безбедно да чувате мали туби, отворени чашки павлака или јајца од препелица? FlexCube може да ви го даде тоа: Отворите со различни големини обезбедуваат простор за голем асортиман ситни артикли. Компактната големина на FlexCube ви овозможува да сместите неколку од нив во фрижидерот. FlexCube може да се мие во машина за садови и одговара на сите држачи за шишиња и лименки на Liebherr.

Прилагодување на висината на стаклените полици за поголема удобност

Прилагодување на висината на стаклените полици за поголема удобност

Имате голем сад што треба да го ставите во фрижидер? Тогаш само прилагодете ги висините на стаклените полици. Благодарение на практичното прилагодување на висината, ова ќе го направите брзо и индивидуално – дури и без да ја тргате храната од полицата.

Полица за замрзнување

Полица за замрзнување

Благодарение на полицата, просторот во замрзнувачот е совршено организиран: Со помош на стаклената полица, подобро ќе го искористите просторот и ќе ја чувате замрзнатата храна на дофат. Едноставно, лизнете ја стаклената полица на средина – и натрупаните производи ќе станат минато.

EnergySaver

EnergySaver

Дали сакате во исто време да штедите и енергија и пари? Liebherr знае дека сакате, затоа го вклучи режимот за заштеда на енергија. Кога го активирате EnergySaver, стандардната температура се зголемува за два степени. На вашиот Liebherr му треба уште помалку електрична енергија – а храната останува свежа.

Заклучување на екранот

Заклучување на екранот

Осветлените екрани се магнет за децата – тоа го знае и Liebherr. Затоа, има опција за заклучување на екранот: Со неа се спречува ненамерно менување на поставките на вашиот фрижидер. Се разбира, постои можност за деактивирање на заклучувањето на екранот.

HolidayMode

HolidayMode

Дали патувате? Ако е така, испратете го Liebherr на одмор: Во HolidayMode вентилаторот и SuperCool се исклучени и фрижидерот ја регулира температурата на +15°C. Ова заштедува електрична енергија, но сепак спречува непријатни мириси. Се разбира, замрзнувачот останува вклучен.

SuperCool

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.

Аларм за врата

Аларм за врата

Алармот за вратата на Liebherr гарантира дека не користите непотребна енергија и не се расипува храната: ако вратата на ладилникот остане предолго време отворена, се активира аларм – пулсирачко светло и предупредувачки тон. Вие одлучувате што значи поимот „предолго“: во зависност од поставката, алармот за вратата се активира по 1, 2 или 3 минути.

SabbathMode

SabbathMode

Во Sabbath, сите активности се запрени – ова важи и за електричните уреди. Liebherr го има ова предвид. Во SabbathMode, целото осветлување на ладилникот е исклучено, како и сите тонови, звуци и дисплејот. SabbathMode се деактивира по 80 часа.

Филтер FreshAir со активен јаглен

Филтер FreshAir со активен јаглен

Мирисот на некои јадења е помалку пријатен. Но, тоа не е проблем за вашиот Liebherr: Благодарение на филтерот FreshAir со активен јаглен, секогаш има свеж воздух во внатрешноста. Филтерот се наоѓа веднаш до протокот на воздух во куќиштето на вентилаторот и во голема мера ги неутрализира мирисите. Екранот ве потсетува да го смените филтерот.

Полица за јајца

Полица за јајца

Дали сакате безбедно да чувате јајца во вашиот фрижидер, без кутија? Нема да имате проблем со полицата за јајца: Може да ставите до 10 пилешки јајца, кои ќе бидат добро заштитени и изладени. Полицата се вклопува и на внатрешната врата и на стаклените полици.

Сад за коцки мраз

Сад за коцки мраз

Коцките мраз што ѕвечкаат во чашата секогаш будат задоволство. Затоа садот за коцки мраз во замрзнувачот е неопходна класика. Со садот за коцки мраз во вашиот Liebherr, ќе добивате до 21 коцка мраз. Големината на коцките ја одредувате сами според количината на вода.

Заменлива заптивка на вратата 

Заменлива заптивка на вратата 

Дали, по неколку години, сакате да ја замените заптивката на вратата на Liebherr? Лесно ќе го направите ова сами: Заменливата заптивка на вратата може да се отстрани во неколку едноставни чекори, а и новата заптивка се мести исто толку лесно. Ова значи дека овој дел од фрижидерот е секогаш беспрекорен и хигиенски чист.

Промена на отворање на вратата, интегриран замрзнувач

Промена на отворање на вратата, интегриран замрзнувач

Ако вашиот Liebherr го вградувате во мебел, не сакате да губите време за промена на шарките на вратата на замрзнувачот? Благодарение на лизгачот, тоа ќе го направите за само неколку секунди без да ви требаат мајсторски вештини. Само лизнете го регулаторот на замрзнувачот од десно кон лево – готово. Ова ќе ви заштеди многу време.

Опрема што е соодветна за миење во машина за садови

Опрема што е соодветна за миење во машина за садови

Опремата на вашиот Liebherr е двојно практична: Од една страна поддржува секојдневна употреба, а од друга страна лесно се чисти. Дали садот за путер, FlexSystem или садот за коцки мраз треба да се исчистат? Слободно ставете ги во машина за миење садови. На тој начин имате повеќе време за други работи.

Група на производ Фрижидер што може да се вгради со BioFresh
GTIN 4016803113638
Series Plus
Класа на енергетска ефикасност D
Годишна потрошувачка на енергија 164 kWh/a
Климатска класа SN-T
Нивото на бучава 34 dB
Напон 220-240 V ~
Фреквенција 50-60 Hz
Приклучна вредност 1,2 A
Работење Touch
број на температурни зони 3
Број на контролни кола за ладење 1
Приказ на температурата Преграда на фрижидер
SuperCool може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Аларм за отворена врата на фрижидерот може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Аларм за отворена врата на замрзнувачот
BottleTimer
NightMode може да се прилагоди преку апликацијата
Заклучување на екранот може да се прилагоди преку уредот
Прилагодлив температурен опсег во преградата на фрижидерот +3 °C до +9 °C
Клима зони на дел за ладење Сеф за месо и млечни производи / Сеф за овошје и зеленчук
Технологија за свежина BioFresh
Број на BioFresh сефови 3
вклучувајќи тркалца коишто може да се продолжат 0
Внатрешно осветлување во фиоките BioFresh
Процес на одмрзнување автоматски
Кружење на ладењето
Филтер FreshAir во вентил
Систем во фрижидерот за извлекување фиоки делумно вадливи телескопски шини
SoftSystem SoftSystem
Внатрешно осветлување на дел за ладење двострано светло
Број на полиците во делот за ладење 5
разделиво 1
оттаму прилагодив по висина 4
VarioSafe
InfinitySpring
Фиоки OpenStage
Складирање на шишиња интегрирана
Број на полици за шишиња 2
Број на полици за конзерви 2
VarioBox
Број на Vario кутии 0
Сад за путер
Полица за јајца 10 јајца
Број на FlexSystem 0
Полици за врата Полица за шишиња и конзерви
Полици на внатрешниот дел на вратата со прилагодлива висина Прилагодливи само во неколку чекори
Време на одложување поради дефект ГС * 14 h
Капацитет на замрзнување 24 часа според ГС * 2,00 kg / 24h
Врата на комора за замрзнување со 4 ѕвездички менлива шарка на вратата
Број на стаклени полици кај замрзнувач со 4 ѕвезди 1
Знак за ѕвезда 4
Сув заден ѕид
Материјал сув заден ѕид Пластика
Декор за внатрешни врати
Материјал на полици на врата Бела пластика
Материјал на полици на дел за ладење Стакло
Тип на вградување Интегрирачко
Монтажа на врати Фиксна врата
Максимална тежина на преден дел на мебел 26
Стопирач за врата може да се смени десно
Промена на шарката на вратата можно е самостојно
Агол на отварање на врати 115°
Заптивање на вратата може да се смени
Ногалки со приспособлива висина 2
Шини за порамнување
Број на шини за порамнување 2
Вентилација Вентилација во мебел
Управување Монохроматски LC дисплеј, екран на допир
Тип на приклучок Euro
Приклучен кабел (должина) 2.200 mm
Димензии на ниша висина/ширина/длабочина 177,2 - 178,8 / 56 - 57 / 55,0 cm
Висина / ширина / длабочина (со пакување) 1.829,0 / 572,0 / 622,0 mm
Димензии В/Ш/Д 177 / 55,9 / 54,6 cm
Тежина (без пакување) 61,5 kg
Тежина (со пакување) 65 kg
Вкупна зафатнина ** 275 l
Волумен на прегради за ладење 248 l
оттаму BioFresh 98,2 l
Волумен на прегради за замрзнување 27 l
Вклучувајќи преграда со 4 ѕвездички 27,1 l
Вредност според глобален стандард (GS)
** 
Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Забелешка: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени, грешки и отстапувања од сликите и текстуалната содржина во споредба со оригиналниот уред.