IRBdi 5150 Prime BioFresh Фрижидер што може да се вгради со BioFresh


Фиока за овошје и зеленчук

Свежа салата или јагоди: Најчувствителната храна заслужува посебно место за да остане свежа подолго: Фиоки BioFresh. Во фиоката „Fruit & Vegetable“ температурата е близу до 0°С. Заедно со зголемената влажност и благодарение на доброто заптивање, непакуваните овошје и зеленчук остануваат свежи подолго време. Не мора ништо да прилагодувате.

Фиока Meat & Dairy

Дали сакате нежното филе од телешко месо или свежо млеко да останат свежи што е можно подолго? Фиоките BioFresh нудат: Температурата во фиоката „Meat & Dairy“ е близу до 0°C – идеални услови за складирање и на најчувствителната храна. И најдоброто: Сè е совршено фабрички поставено за лесна употреба и за подолга свежина.

LightTower

Очекувајте оптимално осветлена внатрешност: LightTower ја прикажуваат храната во најдобро светло. Поставени се на таков начин и што полниот фрижидер е секогаш добро осветлен. Бидејќи LightTower е интегриран во страничните sидови, има и повеќе простор за вашата храна.

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

SmartSteel на задниот ѕид

Задниот ѕид од SmartSteel му дава елегантен изглед на вашиот Liebherr. И вашите намирници ќе го засакаат SmartSteel: Нерѓосувачкиот челик е хигиенски и безбеден за храна. Покрај тоа, SmartSteel ја намалува видливоста на отпечатоците – што го прави погледот уште поубав.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

SoftTelescopic

Со нетрпение очекуваме да ги отворите фиоките BioFresh: Не само поради свежата храна – туку и затоа што отворањето е толку лесно, а затворањето е автоматско и тивко. Ова се должи на телескопските шини по кои лесно се движат фиоките. И бидејќи целосно се повлекуваат, ќе имате најдобар можен преглед на содржината во фиоките.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

ЛЕД-осветлување на BioFresh

Радувајте се на свежото овошје и зеленчук: ЛЕД-осветлувањето на BioFresh во најдобро можно светло ја покажува храната во фиоките BioFresh. Осветлувањето е поставено на средина, над фиоките BioFresh и е дополнето со ЛЕД-ленти од двете страни. Тие се протегаат до горната фиока BioFresh и целосно ја осветлуваат.

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.

Филтер FreshAir со активен јаглен

Мирисот на некои јадења е помалку пријатен. Но, тоа не е проблем за вашиот Liebherr: Благодарение на филтерот FreshAir со активен јаглен, секогаш има свеж воздух во внатрешноста. Филтерот се наоѓа веднаш до протокот на воздух во куќиштето на вентилаторот и во голема мера ги неутрализира мирисите. Екранот ве потсетува да го смените филтерот.