IRe 5100 Pure Вградлив фрижидер со EasyFresh


EasyFresh

Нашата фиока EasyFresh гарантира свежина на пиљарата во вашиот дом. Без разлика дали е овошје или зеленчук: сè е оптимално зачувано. Благодарение на доброто заптивање, храната ја зголемува влажноста во фиоката. Ова значи дека храната останува свежа подолго време.

Систем PowerCooling

Дали сакате да бидете сигурни дека студот е рамномерно распореден во вашиот уред за ладење? Системот PowerCooling обезбедува: Подеднакво моќен и тивок вентилатор кој ефикасно го дистрибуира студениот воздух низ целиот фрижидер.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.

LED

Секогаш кога ќе го отворите вашиот Liebherr, имате совршен преглед на вашите намирници - атрактивното LED осветлување придонесува за тоа. LED диодите не само што се особено моќни, туку и не бараат одржување и се долготрајни. Тие се исто така исклучително енергетски ефикасни благодарение на нивната мала емисија на топлина. На овој начин вашиот паричник и околината ќе бидат среќни поради тоа.