SIBa 3950 Prime BioFresh Фрижидер што може да се вгради со BioFresh


BioFresh

Во BioFresh сефовите, дури и осетливите намирници остануваат свежи долго време: Благодарение на температура блиску до 0 °C, „Meat & Dairy “ сефовите нуди идеални услови за складирање на месо или свежо млеко. Благодарение на силното диктување, во „Fruit & Vegetable“ сефовите има и поголема влажност на воздухот - совршено за овошје и зеленчук. Најдоброто: Сè е оптимално наместено во фабриката.

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

LED

Секогаш кога ќе го отворите вашиот Liebherr, имате совршен преглед на вашите намирници - атрактивното LED осветлување придонесува за тоа. LED диодите не само што се особено моќни, туку и не бараат одржување и се долготрајни. Тие се исто така исклучително енергетски ефикасни благодарение на нивната мала емисија на топлина. На овој начин вашиот паричник и околината ќе бидат среќни поради тоа.