GP 1476 Premium Мал фрижидер за замрзнување со SmartFrost


SmartFrost

Со SmartFrost, заледувањето на внатрешноста и храната е значително намалено. Од таа причина, одмрзнувањето е потребно во помал број на случаи. Внатрешните ѕидови се мазни и лесни за чистење. Испарувачот обвиткан со пена обезбедува висока енергетска ефикасност и рамномерно ладење.

Автоматска функција SuperFrost

Автоматската функција SuperFrost го прави замрзнувањето едноставно и штедливо задоволство. Таа овозможува брзо опаѓање на температурата до -32 °C и на тој начин успева да создаде резерви ладен воздух за замрзнување кое ги зачувува витамините. Штом заврши процесот на замрзнување автоматската функција SuperFrost се враќа на нормален режим на работа по максимум 65 часа и со тоа придонесува кон заштеда на енергија.

VarioSpace

Кај сите замрзнувачи со NoFrost и SmartFrost, фиоките и стаклените плочи под нив може лесно да се извадат. На тој начин настанува VarioSpace – практичен систем за дополнителен простор, со којшто брзо се овозможува повеќе место за поголеми примероци замрзната храна.

FrostProtect

За да се обезбеди оптимално работење на замрзнувачите дури и на ниски амбиентални температури, единиците се изработени со FrostProtect за одржливост на ниска температура до -15°C. Ако амбиенталната температура падне под +10°C, тие продолжуваат ефективно да работат. На тој начин, уредите исто така може да се инсталираат во незагреани простории, како што е гаражата.