Ладилник за вино за идеална температура на складирање GrandCru

Ладилникот за вино за идеална температура на складирање GrandCru е првиот избор за долготрајно складирање вина при температура за пиење. Со слични атмосферски услови како во винарска визба, GrandCru овозможува постојана температура во целиот внатрешен простор.

Температурата може по потреба да се постави од +5°C до +20°C. На тој начин можете да уживате во виното при посакуваната температура за пиење.

Со висина не поголема од 61 cm и ширина од 42 cm во компактниот уред WKes 653 може да се складираат 12 шишиња вино, од нормална големина, при совршена температура за пиење. Вратата од не’рѓосувачки челик и изолационо стакло, како и LED-светлото што може да се затемнува, елегантно ги истакнуваат вината. Со својата компактна големина се истакнува во секоја околина. Дали виси на ѕид или стои на комода, WKes653 е декорација на многу начини, а вашето омилено вино е постојано на дофат.

Уживање во виното во благороден амбиент

  • Разни можности за поставување
    Со својата компактна големина, WKes 653 може поединечно да се поставува. Дали во дневната соба на комодата или на ѕид, со својата висина од 61 cm и ширина од 42 cm е вистинско просторно чудо. Во WKes 653 може да се сместат до 12 шишиња.

    Разни можности за поставување

    Со својата компактна големина, WKes 653 може поединечно да се поставува. Дали во дневната соба на комодата или на ѕид, со својата висина од 61 cm и ширина од 42 cm е вистинско просторно чудо. Во WKes 653 може да се сместат до 12 шишиња.

  • Управување
    Идеалната температура за долготрајно складирање вина се движи од +8°C до +12°C. Белите вина, коишто се чуваат при температура за послужување, би требало да се складираат под +10°C, црвените вина до +18°C. За таа цел, температурата може прецизно да се постави со електрониката со допир помеѓу +5°C и +20°C.

    Управување

  • LED-осветлување што може да се вклучи и да се затемни
    За оптимална презентација на најдобрите вина, WKes 653 е опремен со LED-осветлување што може да се вклучи и да се затемни. Затоа што LED-светлата емитуваат многу мала топлина и не емитуваат UV-зраци, вината може подолго време да се постават на правилна светлина, без да бидат оштетени.

    LED-осветлување што може да се вклучи и да се затемни

    За оптимална презентација на најдобрите вина, WKes 653 е опремен со LED-осветлување што може да се вклучи и да се затемни. Затоа што LED-светлата емитуваат многу мала топлина и не емитуваат UV-зраци, вината може подолго време да се постават на правилна светлина, без да бидат оштетени.

  • Фиока за прибор
    Практичната фиока за прибор служи за чување вински прибор или мали закуски како чоколадо и пралине, коишто се служат при соодветна температура за подобро уживање во виното.

    Фиока за прибор

    Практичната фиока за прибор служи за чување вински прибор или мали закуски како чоколадо и пралине, коишто се служат при соодветна температура за подобро уживање во виното.

  • FreshAir филтер со активен јаглен
    Дури и кај затворени шишиња може да се случи размена на воздух преку тапата, со што може да се оштети виното. Затоа во ладилникот за вино за идеална температура на складирање WKes 653 е вграден лесно заменлив филтер со активен јаглен FreshAir, којшто го прочистува воздухот во внатрешниот простор.

    FreshAir филтер со активен јаглен

    Дури и кај затворени шишиња може да се случи размена на воздух преку тапата, со што може да се оштети виното. Затоа во ладилникот за вино за идеална температура на складирање WKes 653 е вграден лесно заменлив филтер со активен јаглен FreshAir, којшто го прочистува воздухот во внатрешниот простор.

  • Заштита од UV-зраци
    Големиот стаклен преден дел со елегантни рамки од не’рѓосувачки челик овозможува најдобар поглед кон вината. Изолираното и обложено безбедносно стакло овозможува најдобра заштита од UV-зраци.

    Заштита од UV-зраци

    Големиот стаклен преден дел со елегантни рамки од не’рѓосувачки челик овозможува најдобар поглед кон вината. Изолираното и обложено безбедносно стакло овозможува најдобра заштита од UV-зраци.

  • Ладилник за вино за идеална температура на складирање GrandCru

    Дополнителни информации за нашиот ладилник за вино за идеална температура на складирање GrandCru и за техничките податоци ќе најдете на нашиот детален приказ. Повеќе околу WKes 653

    Ладилници за вино

    Од приватно домаќинство до гастрономија: Liebherr нуди ладилници за вино за различни примени.

    Апликација за вино

    Водичот за вино на Liebherr прикажува преглед на Бордо вината. Дознајте повеќе за растечката област, винариите, бербата и сортите грозје. Апликации на Liebherr