IXRFW 5176 Peak BioFresh NoFrost Комбинација со двокрилен уред

SIFNei 5188 Peak NoFrost Фрижидер за замрзнување што може да се вгради со NoFrost

NoFrost

Кога ќе го отворите вашиот замрзнувач, сакате да видите замрзната храна, а не мраз. NoFrost го штити замрзнувачот од несаканиот мраз, со кој се троши многу енергија и понекогаш е скапо. NoFrost значи: Нема повеќе макотрпно и долготрајно одмрзнување на замрзнувачот, ќе имате повеќе време за други работи и ќе заштедите пари.

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

IceMaker поврзан со довод на вода

Дали останаа коцки мраз? Ова е непотребно прашање кога се работи за IceMaker. IceMaker е постојано поврзан со довод на вода, водата доаѓа директно од чешмата. Благодарение на функцијата MaxIce, се создава до 1,5 kg коцки мраз на ден. Со флексибилната преграда за садот за мраз, можете да го делите садот како што сакате и на тој начин да ја менувате количината на складирани коцки мраз - многу лесно, по потреба!

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

IceTower
%20Tower.jpg)
Благодарение на капацитетот за складирање на коцки мраз од 5,7 кг, IceTower гарантира дека ладните пијалаци никогаш нема да завршат на вашата забава. Лажицата за коцките мраз и таблата за извлекување на телескопски шини овозможуваат удобен пристап до коцките мраз. Со дополнителниот послужавник, исто така, можете да складирате помали количини мраз и да чувате замрзната храна на долниот дел. Соседната фиока нуди простор за складирање на замрзнати предмети.

ЛЕД-осветлување на IceMaker

Почестете се со малку среќа секој ден: Само погледнете ги вашите свежи коцки мраз. Осветлувањето на IceMaker ги става вашите коцки мраз во центарот на вниманието. ЛЕД-осветлувањето се активира автоматски кога ќе се отвори вратата. Глетката на осветлените коцки мраз е забавна – буди желба за ладен пијалак.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

ЛЕД-осветлување на замрзнувачот

ЛЕД-осветлувањето на замрзнувачот обезбедува пријатно светло во фиоките за замрзнување. На тој начин, уште полесно ќе ја пронајдете храната што ја барате. Енергетски ефикасната ЛЕД-единица е елегантно поставена над фиоките за да заштеди простор.

Таванско ЛЕД-осветлување


SuperFrost

Дали сакате да ја замрзнете вашата свежа храна така што ќе ги зачува витамините? Едноставно активирајте SuperFrost и замрзнувачот ќе го зголеми капацитетот на ладење. Ова ја одржува температурата константна кога ставате незамрзната храна во него. SuperFrost исто така заштедува енергија: Ако не ја деактивирате функцијата рачно, таа автоматски ќе се деактивира по 65 часа.

VarioSpace

Сакате безбедно да чувате повеќекатна сладолед торта до летната забава? Тоа не претставува никаков проблем за вашиот Liebherr фрижидер: Тој знае дека понекогаш едноставно ви треба само повеќе простор. Благодарение на VarioSpace, можете едноставно да ги отстраните индивидуалните фиоки на замрзнувачот и стаклените полици одоздола - и voilà: еве ви дополнителен висок простор за складирање!
EWTgw 3583 Vinidor Вградена полица за вино со регулирана температура
IRBPdi 5170 Peak BioFresh Фрижидер што може да се вгради со BioFresh

Фиока за овошје и зеленчук

Свежа салата или јагоди: Најчувствителната храна заслужува посебно место за да остане свежа подолго: Фиоки BioFresh. Во фиоката „Fruit & Vegetable“ температурата е близу до 0°С. Заедно со зголемената влажност и благодарение на доброто заптивање, непакуваните овошје и зеленчук остануваат свежи подолго време. Не мора ништо да прилагодувате.

Фиока Meat & Dairy

Дали сакате нежното филе од телешко месо или свежо млеко да останат свежи што е можно подолго? Фиоките BioFresh нудат: Температурата во фиоката „Meat & Dairy“ е близу до 0°C – идеални услови за складирање и на најчувствителната храна. И најдоброто: Сè е совршено фабрички поставено за лесна употреба и за подолга свежина.

Фиоки OpenStage

Инспирирано од витрини во елегантни продавници за деликатеси концептот OpenStage ја става на сцена вашата храна. Благодарение на проѕирните стаклени фиоки, имате комплетен совршен преглед. Различните висини ви го олеснуваат складирањето на поголема храна. Во долната OpenStage-фиока практичните раздвојувачи се грижат за безбедна положба на вашите шишиња.

LightTower

Очекувајте оптимално осветлена внатрешност: LightTower ја прикажуваат храната во најдобро светло. Поставени се на таков начин и што полниот фрижидер е секогаш добро осветлен. Бидејќи LightTower е интегриран во страничните sидови, има и повеќе простор за вашата храна.

Екран на допир и лизгање

Користете ги само врвовите на прстите и Liebherr ќе ги исполни вашите команди: Благодарение на екранот на допир и лизгање, лесно и интуитивно ќе управувате со вашиот фрижидер. Одберете функција на екранот во боја, како што е „SuperCool“, само со допирање и лизгање. Исто толку лесно е регулирањето на температурата. Што кога не го користите екранот? Тогаш ви ја покажува реалната температура.

SmartSteel во внатрешноста

SmartSteel на внатрешната врата и на задниот ѕид му даваат благороден изглед на вашиот Liebherr. И вашите намирници ќе го засакаат SmartSteel: Нерѓосувачкиот челик е хигиенски и безбеден за храна. Покрај тоа, SmartSteel ја намалува видливоста на отпечатоците – што го прави погледот уште поубав.

SmartSteel на задниот ѕид

Задниот ѕид од SmartSteel му дава елегантен изглед на вашиот Liebherr. И вашите намирници ќе го засакаат SmartSteel: Нерѓосувачкиот челик е хигиенски и безбеден за храна. Покрај тоа, SmartSteel ја намалува видливоста на отпечатоците – што го прави погледот уште поубав.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

SoftTelescopic

Со нетрпение очекуваме да ги отворите фиоките BioFresh: Не само поради свежата храна – туку и затоа што отворањето е толку лесно, а затворањето е автоматско и тивко. Ова се должи на телескопските шини по кои лесно се движат фиоките. И бидејќи целосно се повлекуваат, ќе имате најдобар можен преглед на содржината во фиоките.

SoftTelescopic OpenStage

Колку е само лесно да складирате храна: Сите фиоки GlassLine нежно се лизгаат кон вас по телескопските шини. Ова ви дава совршен преглед и директен пристап до целата храна. Ракувањето со нив е уште попријатно благодарение на механизмот за автоматско меко затворање.

Ергономски пристап

Дали сакате слободен пристап до вашата разладена храна? Токму тоа го пружа софистицираната ергономија на телескопските шини: Секоја фиока може лесно да се повлече – голем плус за практичност при ракувањето. А благодарение на ниската предна преграда, лесно ќе стигнете до горната фиока.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

ЛЕД-осветлување на BioFresh

Радувајте се на свежото овошје и зеленчук: ЛЕД-осветлувањето на BioFresh во најдобро можно светло ја покажува храната во фиоките BioFresh. Осветлувањето е поставено на средина, над фиоките BioFresh и е дополнето со ЛЕД-ленти од двете страни. Тие се протегаат до горната фиока BioFresh и целосно ја осветлуваат.

VarioSafe

Без разлика дали се работи за канчиња јогурт, тегли џем или туби – дали сакате посебно место за ваква храна во мали пакувања? Веќе го имате во Liebherr: VarioSafe. Не само што создава ред, туку е и многу прилагодлив. Едноставно, ставете го VarioSafe, кој има два степена на прилагодлива висина, кај што најмногу ви одговара во фрижидерот.

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.

Филтер FreshAir со активен јаглен

Мирисот на некои јадења е помалку пријатен. Но, тоа не е проблем за вашиот Liebherr: Благодарение на филтерот FreshAir со активен јаглен, секогаш има свеж воздух во внатрешноста. Филтерот се наоѓа веднаш до протокот на воздух во куќиштето на вентилаторот и во голема мера ги неутрализира мирисите. Екранот ве потсетува да го смените филтерот.