IRBd 4521 Plus BioFresh Фрижидер што може да се вгради со BioFresh


Фиока за овошје и зеленчук

Свежа салата или јагоди: Најчувствителната храна заслужува посебно место за да остане свежа подолго: Фиоки BioFresh. Во фиоката „Fruit & Vegetable“ температурата е близу до 0°С. Заедно со зголемената влажност и благодарение на доброто заптивање, непакуваните овошје и зеленчук остануваат свежи подолго време. Не мора ништо да прилагодувате.

Фиока Meat & Dairy

Дали сакате нежното филе од телешко месо или свежо млеко да останат свежи што е можно подолго? Фиоките BioFresh нудат: Температурата во фиоката „Meat & Dairy“ е близу до 0°C – идеални услови за складирање и на најчувствителната храна. И најдоброто: Сè е совршено фабрички поставено за лесна употреба и за подолга свежина.

Екран на допир

Извонреден допир: Со екранот на допир, ракувањето со Liebherr е лесно и интуитивно. Сите функции се јасно распоредени на екранот. На пример, со лесен допир со прстот може лесно да ги изберете функциите или да ја проверите тековната температура на вашиот фрижидер.

SoftSystem

Од појадок до полноќна закуска – има многу причини да го отворате и затворате фрижидерот. А тоа е навистина е забавно со вашиот Liebherr: Благодарение на SoftSystem, вратата на ладилникот се затвора нежно и безбедно, но и удобно и тивко. Шишињата складирани во внатрешната врата остануваат безбедни – ништо не удира и не тресе.

SuperSilent

Пст – слушајте внимателно: Вашиот Liebherr е толку тивок што мора да ги начулите ушите за да го чуете. Како го постигнуваме ова? Сите компоненти за ладење – компресори, вентили, вентилатори и испарувачи се оптимизирани и совршено компатибилни едни со други. Па така, во вашата кујна ќе го слушате само она што сакате.

Странично ЛЕД-осветлување од двете страни

За брз преглед на фрижидерот: Благодарение на страничното ЛЕД-осветлување од двете страни, вашата храна секогаш е на повидок. ЛЕД-диодите се поставени така што големиот фрижидер ќе биде осветлен и кога има храна во него. И бидејќи ЛЕД-диодите се вградени во страничните ѕидови, корисната површина е целосно слободна.

SuperCool

Сакате вашиот фрижидер да ја одржува оптималната температура, дури и кога ќе ставите продукти кои биле оставени на сонце? Во такви случаи на сцената се појавува SuperCool: Кога ќе се активира, Liebherr ги подобрува своите перформанси сè додека свежата храна не се излади како и останатата содржина. Кога ќе ја постигне целта, SuperCool се исклучува автоматски, но не подоцна од 12 часа.

Филтер FreshAir со активен јаглен

Мирисот на некои јадења е помалку пријатен. Но, тоа не е проблем за вашиот Liebherr: Благодарение на филтерот FreshAir со активен јаглен, секогаш има свеж воздух во внатрешноста. Филтерот се наоѓа веднаш до протокот на воздух во куќиштето на вентилаторот и во голема мера ги неутрализира мирисите. Екранот ве потсетува да го смените филтерот.

Фиока

Удобност при извлекување и туркање: Фиоката нуди дополнителен простор. Кога ќе ја повлечете, нежно се лизга и држи на телескопските шини. На ист начин, лесно и тивко, ќе ја вратите назад.