WSbli 7731 GrandCru Selection Кабинет за вино

Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 204,4 / 74,7 / 76,3 cm
Прилагодлив опсег на температура +5 °C до +20 °C
Максимален број шишиња од Бордо 0,75 l 324
Нивото на бучава 38 dB

VibrateSafe

VibrateSafe

На вашето вино му треба мир и тишина. Затоа нашите кабинети за складирање вино гарантираат нежно чување со особено тивки компресори специјално развиени од Liebherr и стабилни дрвени полици направени од цврсто буково дрво. Ова му овозможува на вашето вино да созрева тивко и непречено.

HumidityControl

HumidityControl

Совршените климатски услови можат да се создадат само со правилна комбинација на температура и влажност. HumidityControl ви овозможува да ја прилагодите влажноста на вашите потреби. За оптимална клима за складирање и можност да уживате во свежината уште подолго.

 Дрвена полица, прилагодлива во висина

Дрвена полица, прилагодлива во висина

Зрело и софистицирано. Елегантните полици од буково дрво се дизајнирани за хоризонтално складирање на вино со ниски вибрации, а нивната ергономска форма го олеснува ставањето, вадењето и преуредувањето на шишињата. Друга предност претставува фактот што дрвото дише и може да задржи мали количества вода, што е бенефит за микроклимата внатре, а со тоа и за долгорочното складирање.

Прецизно поставување на температурата

Прецизно поставување на температурата

Доколку не се чува на вистинската температура за складирање, виното може да се оштети и да изгуби од својот квалитет. Прецизниот електронски систем за контрола гарантира дека потребната температура постојано се одржува во вашиот Liebherr кабинет за складирање вино. Може да се постави на точниот степен помеѓу +5 °C и +20 °C. Моменталната температура се прикажува на екранот.

Помош за вчитување EasyFill

Помош за вчитување EasyFill

Олеснете го полнењето. Помошта при полнење EasyFill се грижи вратата на вашиот кабинет за складирање вино да остане отворена под агол од 90° - за особено лесно полнење. Исто така, благодарение на SelfClosing механизмот за самозатворање, вратата се затвора сама кога ќе се отвори за помалку од 90° - секогаш нежно колку што бараат вашите вредни вина.

Филтер FreshAir со активен јаглен

Филтер FreshAir со активен јаглен

За да бидете сигурни дека вашето вино може да созрева со оптимален квалитет на воздухот, сите Liebherr кабинети за складирање вино имаат филтер со активен јаглен кој сигурно ги врзува сите видови на мириси. Ова значи дека вашето вино ќе го задржи својот оригинален мирис. За да бидете сигурни дека ќе остане така, вашиот Liebherr ве потсетува на секои 6 месеци да го менувате филтерот, што можете лесно да го направите сами.

Екран на допир

Екран на допир

Ракувањето со вашиот кабинет за складирање вино е толку лесно. Висококвалитетниот дизајн на LC екранот на допир овозможува лесно избирање на која било функција. Ставките во менито се јасно распоредени, а нежното допирање со прстот е сè што е потребно за да се изберат. Доколку само сакате да ја проверите моменталната температура, тоа е уште полесно, бидејќи таа трајно се прикажува на екранот.

Идеална влажност

Идеална влажност

Соодветната влажност е важна компонента за складирање вино. На овој начин тапата останува мека и не се суши. Со цел тапата да остане колку што е можно повлажна од внатрешноста, шишињата вино треба да се чуваат во лежечка положба. Со повеќе од 50% влажност, ладилниците за вино обезбедуваат најдобри услови. Доколку е потребно, влажноста на ладилниците за вино може да се регулира со копчето за вентилација.

2 ногарки прилагодливи во висина

2 ногарки прилагодливи во висина

За максимална стабилност. Преку ногарките прилагодливи во висина, вашиот кабинет за складирање вино може да биде оптимално поставен и исто така совршено се прилагодува на нерамни површини. Тоа значи дека можете да бидете сигурни дека вратата секогаш ќе биде цврсто затворена, нема да влегува топлина, нема да се формира кондензација и дека условите за складирање ќе останат константни, со што се заштитува квалитетот на вашето вино.

Заклучување за деца

Заклучување за деца

Заклучувањето за деца може да се програмира за да се спречи ненамерно исклучување на уредот. Кога родителската контрола е вклучена, означена е со икона во контролната табла.

Заклучување на екранот со безбедносен код

Заклучување на екранот со безбедносен код

Се да биде под контрола. Обезбедувањето на вашата колекција со вино преку заклучување на вратата е една работа, но исто толку важно е да се спречи неовластена употреба на вашиот кабинет за складирање вино. Новиот начин на заклучување на екранот, кое се активира преку менито, нуди особено сигурно решение. Трицифрениот ПИН ги заштитува вашите поставки, а со тоа и оптималните услови за вашето вино.

Аларм за врата

Аларм за врата

На готовс штом ќе се отвори. Доколку вратата од вашиот кабинет за складирање вино остане отворена повеќе од 60 секунди, се активира алармот за вратата. Алармот за вратата се огласува звучно и е придружен со пулсирачко светење на уредот. Ова ви овозможува да реагирате што е можно побрзо за да ги одржите оптималните услови за складирање на вашите вина.

Рачка: брусен алуминиум

Рачка: брусен алуминиум

Висококвалитетната тенка рачка од брусен алуминиум нуди стилски пристап до вашата колекција на вина. Рачката не само што изгледа добро, туку таква е и на допир. Таа е високо ергономски обликувана и пријатна за држење за да можете удобно да го отворите вашиот GrandCru кабинет за складирање вино во секое време.

SmartDevice кутија, интегрирана

SmartDevice кутија, интегрирана

Внимавајте на вашето вино каде и да сте. Кабинетот за складирање вино GrandCru Selection е подготвен за вмрежување - за да можете да уживате во сите предности на SmartDevice апликацијата. Преку неа имате пристап до вашиот уред од каде било и можете да прегледувате и менувате многу поставки, како што е температурата додека сте отсутни. Исто така, испраќа безбедносни информации за уредот и вашето вино на вашиот паметен телефон.

LED осветлување на таванот

LED осветлување на таванот

Вашето омилено вино треба секогаш лесно да може да се најде. Затоа нашите модели со цврсти врати имаат LED осветлување на таванот што ја осветлува целата внатрешност и најдобро ја покажува вашата колекција на вина. LED диодите се наоѓаат на предната страна за да се осигура дека ниту едно шише не е во сенка. А кај уредите со стаклени врати, нашето светло за презентација го прави вашето вино привлечно дури и кога вратата е затворена.

Механичка брава на вратата

Механичка брава на вратата

Чувајте ги вашите богатства за себе. Обично збирките на вина се исто така вредни инвестиции и како такви треба да се заштитат. Механичката брава на вратата гарантира дека секогаш ќе имате контрола врз тоа кој пристапува до вината во вашиот GrandCru Selection кабинет за складирање вино. Бравата е рамна вградена и ненаметливо се вклопува во целокупниот дизајн.

Складирање грло до грло за максимален капацитет на шишиња

Складирање грло до грло за максимален капацитет на шишиња

Максимален капацитет. Кабинетот за складирање вино од Liebherr го олеснува и организирањето на растечката колекција на вина. За целосно искористување на неговиот капацитет, внатрешноста е дизајнирана така што вашите шишиња вино можат да се чуваат грло до грло на дрвените полици. Ова значи дека има доволно простор дури и за постојано зголемување на залихите со вино. Затоа, слободно продолжете да собирате.

Аларм за прекин на напојување

Аларм за прекин на напојување

Целосна заштита. Исто како во винарска визба, нашите кабинети за складирање вино нудат идеални услови за правилно чување на вредни колекции. Сепак, понекогаш може да се појават проблеми како прекини на струја, поради што сите уреди се опремени со аларм за оваа појава. Доколку се случи нешто критично, тие со сигурност ќе ве известат.

Заменлива заптивка на вратата

Заменлива заптивка на вратата

Секој детал ги задоволува највисоките стандарди па и заптивката на вратата не претставува исклучок. Се грижи вратата да биде секогаш херметички затворена за оптимални услови за складирање. Доколку некогаш треба да се замени, можете тоа лесно да го направите сами во неколку едноставни чекори. Тоа значи дека вашиот кабинет за складирање вино секогаш ќе биде беспрекорен и хигиенски чист.

SabbathMode

SabbathMode

Кога е време за одмор, сите активности мора да престанат - а истото важи и за електричните уреди. Вашиот Liebherr го зема ова предвид. Во SabbathMode, сите светилки во ладилникот за одржување вино Vinidor се исклучени, како и сите звуци и екранот. По 80 часа, SabbathMode автоматски се деактивира.

SelfClosing Door со вклучена помош при полнење EasyFill

SelfClosing Door со вклучена помош при полнење EasyFill

Благодарение на SelfClosing механизмот за самозатворање, вратата на вашиот кабинет за складирање вино се затвора автоматски кога ќе се отвори за помалку од 90° - секогаш нежно колку што бараат вашите вредни вина. Помошта при полнење EasyFill се грижи вратата да остане отворена под агол од 90° или повеќе за особено лесно полнење.

Внатрешност од челик

Внатрешност од челик

Убав насекаде, дури и внатре. Надворешноста на нашите ладилници за одржување вино привлекува внимание, но вреди да се погледне и внатре. Комбинацијата на дрвени полици и задна ѕидна плоча од нерѓосувачки челик SmartSteel во серијата Vinidor Selection е пријатна за гледање дури и кога уредот е празен. Техничките придобивки се исто толку добро осмислени како и дизајнот. На пример, површината на задната ѕидна плоча обезбедува урамнотежена циркулација на воздухот.

Аларм за температура

Аларм за температура

Вашиот Liebherr постојано ја следи температурата во уредот и ве предупредува звучно и визуелно доколку температурата се помести од поставената вредност. Екранот, исто така, точно покажува за колку степени температурата паднала или се покачила, што ви овозможува да преземете дејство во случај на флуктуација.

TempProtect Plus

TempProtect Plus

Двојна заштита. Со TempProtect Plus, нашите кабинети за складирање вино постојано ја мерат температурата преку два сензори. На овој начин добивате двојна сигурност дека вашите вина се заштитени од температурни бранувања. Тоа е добро бидејќи веднаш ќе бидете предупредени доколку еден од сензорите открие критична промена на температурата, што ќе ви овозможи брзо да преземете дејство.

Сад за вода

Сад за вода

Идеална влажност, дури и во суви услови, благодарение на лесно монтажниот сад за вода. Помага при одржувањето на оптималната влажност во уредот со собирање на водата од внатрешноста на уредот или надополнување по потреба. На овој начин, вашата винска колекција се чува во идеални услови

Група на производ Кабинет за вино
GTIN 9005382244173
класификација GrandCru Selection
Класа на енергетска ефикасност E
Годишна потрошувачка на енергија 102 kWh/a
Климатска класа SN-T
Приклучна вредност 1,5 A
Напон 220-240 V ~
Фреквенција 50/60 Hz
Потрошувачка на енергија за 24 часа 0,265 kWh / 24h
Климатска класа SN-T
Нивото на бучава 38 dB
Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина 204,4 / 74,7 / 76,3 cm
Работење Touch
Индивидуални Температурни зони 1
Температурни зони 1
Предупредувачки сигнал во случај на дефект визуелно и акустично
Аларм за дефект на уредот може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Електронска брава на вратата
AlarmLightAmplifier може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Поставување јазик може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
SabbathMode може да се прилагоди преку уредот и преку апликацијата
Прилагодлив температурен опсег во преградата на фрижидерот +5 °C до +20 °C
Приказ на температурата Преграда за вино
Аларм на врата на дел за вино визуелно и акустично
Заклучување за деца
Максимален број шишиња од Бордо 0,75 l * 324
Прилагодлив опсег на температура +5 °C до +20 °C
Anzeige Luftfeuchtigkeit
контрола на влажноста HumidityControl (помеѓу 50% - 80%)
Осветлување ЛЕД таванско осветлување
може да се затемни
може трајно да се вклуич
Складирање на шишиња Дрвени полици
Број полици 7
вклучувајќи табли за презентација 0
вклучувајќи телескопски шини коишто може да се продолжат 0
Број полици 0
Полици со приспособлива висина
резервоарот за вода
Сомелиерска табла
Art des Zonentrenners
Брава механички
Филтер FreshAir во заден ѕид
Кружење на ладењето
Сув заден ѕид
боја, сува потпорна табла Не’рѓосувачки челик
Материјал сув заден ѕид Не’рѓосувачки челик со SmartSteel
Боја на куќиште Црно
Материјал на странични ѕидови Челик
Боја на врата Црно
Материјал на врата Целосна врата
Материјал на внатрешен сад Метален, графитно сив
Материјал на полици Дрвена полица
Рачка Рачка од алуминиумски шипки
Врата што се затвора самостојно
SoftSystem
Стопирач за врата може да се смени десно
Промена на шарката на вратата можно е самостојно
Агол на отварање на врати
Променлив систем за заптивање на врата
Рачки за транспорт назад
Transportrollen hinten
Вентилација Предна вентилација
Тип на приклучок Euro
Приклучен кабел (должина) 2.000 mm
Волумен на прегради за ладење 628 l
Надворешни димензии: висина / ширина / длабочина (со пакување) 2.102,0 / 765,0 / 850,0 mm
Тежина (без пакување) 86 kg
Тежина (со пакување) 94 kg
Вкупна зафатнина ** 628 l
Nutzinhalt Weinteil 627 l
Имајте предвид: Количината се однесува на стандардни шишиња вино од 0,75 л. Ако се чуваат шишиња со различна големина или форма, бројот може да варира. Повеќе информации за ова се дадени во илустрацијата во областа за преземање.
** 
Во согласност со Регулативата ЕУ 2019/2016 година, вкупниот волумен го претставуваме како цел број (заокружен надолу) и волуменот на одделите за замрзнување и свежа храна со едно децимално место. Целосниот спектар на класи на ефикасност може да се најде на страница 9. Според (ЕУ) 2017/1369 6а. Терминот „волумен“ се однесува на терминот „волумен“ споменат во сегашната регулатива.

Забелешка: И покрај внимателното одржување на податоците, го задржуваме правото да правиме технички промени, грешки и отстапувања од сликите и текстуалната содржина во споредба со оригиналниот уред.