CBNef 4835 Comfort BioFresh NoFrost Комбинација за ладење и замрзнување со BioFresh и NoFrost


BluPerformance

Поголем волумен во внатрешноста за храна, економски и енергетски ефикасен во работењето, тивко и удобно ракување со одличен дизајн: Во областа на ладење и замрзнување, BluPerformance уредите на Liebherr поставуваат нови стандарди.

BioFresh

BioFresh гарантира совршена клима за долготрајна свежина. При температура од малку над 0°C и идеална влажност, овошјето и зеленчукот, месото и рибата ги задржуваат сите витамини.

NoFrost

Кај апаратите со NoFrost технологија храната се замрзнува со ладен циркулирачки воздух а влажноста се испушта. На тој начин ладилникот е постојано чист, без слоеви мраз, а исто така и храната.

DuoCooling

Благодарение на две сосема одделни кола за ладење коишто може да се контролираат, DuoCooling овозможува прецизно и самостојно регулирање на температурата во комбинациите на фрижидер-замрзнувач во преградата на фрижидерот и замрзнувачот. Притоа, меѓу деловите за ладење и замрзнување не настанува никаква размена на воздухот. Со тоа се спречува ширењето на миризбите и сушењето на складираната храна.

SmartDevice

Кај уредите на Liebherr означени со „SmartDevice“, SmartDeviceBox овозможува контролирање на уредот и користење други услуги преку компјутери и мобилни уреди. SmartDeviceBox може да се нарача како додаток. Кај некои уреди, SmartDeviceBox е веќе интегриран, ова е означено со „i“ во името на уредот, на пример „KBi 4350“.

SmartSteel

SmartSteel значително ја намалува видливоста на отпечатоците од прсти. Со рафинирање на нерѓосувачкиот челик, SmartSteel површините се особено лесни за чистење и помалку осетливи на гребнатини.

