Најдобрите перформанси во продажната дејност

Ладилниците за пијалаци за професионална употреба не се само лесни за полнење, туку и лесно се чистат, пријатни се за користење сместување и се енергетски ефикасни и економични при долготрајно работење. И - овозможуваат оптимална презентација на производите.

Ладилници за индустријата за пијалаци

Ладилниците за индустријата за пијалаци мора да ги задоволат големите оптоварувања и потреби. Liebherr вниманието го насочува кон долготрајност на уредите. Ова се препознава по изборот на висококвалитетни материјали, концептот на деловите за ладење и развивањето на дизајнот. Исто така, моделите од Liebherr не се само лесни за полнење, туку и лесно се чистат, пријатни се за користење, сместување и се енергетски ефикасни и економични во работата.

Пијалаците привлечно се презентираат на полиците што се прилагодуваат по висина. За да привлечат вистинско внимание, уредите со поединечното брендирање, го истакнуваат логото на фирмата или трговската марка.

Поголема вредност при создавањето на дизајнот на уредите од Liebherr се оддава на тоа уредите да зрачат со елеганција и важност. Висококвалитетните и благородни материјали, како и убавата структура го означуваат уникатниот стил на Liebherr. Благодарение на постојаниот дизајн, уредите од Liebherr може лесно да се комбинираат еден со друг и притоа сè уште да привлекуваат внимание.

Предностите на повидок

Внатрешно LED-осветлување што може да се вклучи

Одделното внатрешно LED-осветлување е енергетски ефикасно и овозможува оптимална презентација на производите во центарот на вниманието.

Безбедно складирање производи

Сите уреди се опремени стандардно со брава и спречуваат неовластен пристап.

Полици што се прилагодуваат по висина

Полиците што се прилагодуваат по висина може да се оптоварат до 60 kg. Имаат променлив волумен на внатрешниот простор - оптимално за сите големини на шишиња и пакети.

Ергономска рачка

Издржливата рачка е наменета за интензивно користење. Ергономски е поставена и е лесна за чистење.

Енергетски ефикасна изолациона стаклена врата

Изолационата стаклена врата овозможува совршен преглед, оптимална енергетска ефикасност и впечатлива презентација на производите.

Исто така, цврстата изолација на уредот ја намалува потрошувачката на енергија и овозможува постојана температура во внатрешниот простор.

Одлична технологија за ладење и индивидуален дизајн

Liebherr ви нуди можности за индивидуално обликување на вашите ладилници и замрзнувачи. Со тоа се зголемува свеста за вашата трговска марка онаму каде што купувачот ја носи својата одлука – во продавницата.

Интересот за трговската марка се зголемува со привлечни LED-екрани и со висококвалитетно брендирање. На ваков начин фрижидер за сладолед или ладилник за пијалаци станува промотивна алатка, со која се пренесува пораката на трговската марка.

Широката палета на дополнителна опрема од Liebherr ви овозможува да ги прилагодите уредите според намената. Притоа вашите производи се добро видливи и лесно достапни.

Предностите на брендирањето на прв поглед:

  • Трговската марка привлечно се презентира со помош на брендираниот ладилник.
  • Долготрајните и ефикасните LED-светла промотивно го истакнуваат производот.
  • Со помош на функционалната дополнителна опрема, ладилникот ги задоволува специфичните потреби.

Површински декор и LED-светла за ладилници и замрзнувачи

Во Лиенц (Австрија) Liebherr произведува ладилници и замрзнувачи за домаќинствата и индустријата.

Во Лиенц (Австрија) Liebherr произведува ладилници и замрзнувачи за домаќинствата и индустријата.

Во Лиенц (Австрија) Liebherr произведува ладилници и замрзнувачи за домаќинствата и индустријата.
Дали рамки за стаклена врата, рачки или внатрешни садови: Кај индустриските уреди ги прилагодуваме сите делови според бојата на брендот.

Висококвалитетен и поединечен дизајн совршено ги истакнува производите и трговската марка. Затоа го создаваме уредот по ваша желба со декор според вашите спецификации и со ефективно LED-осветлување.

Без разлика дали се работи за мала или голема нарачка, ние ги произведуваме ладилниците и замрзнувачите според желбата на купувачите и со најмодерна технологија на печатење. Во моментов ја нудиме можноста да го поставите својот ракопис на уредите.

Површински декор и технологија на печатење

Во зависност од бројот на парчиња и мотивот, на налепницата ја нанесуваме посакуваната тема со сито или со дигитално печатење. Потоа налепницата рачно се нанесува на ладилникот.

За разлика од PVC-налепницата, кај директното сито-печатење темата се нанесува на обложениот носечки материјал, на пример на плочата на вратата или на страничните ѕидови. Техниката е соодветна за едноставни и еднобојни мотиви.

Како кај печатењето PVC-налепници, при термалната сублимација, декорацијата ја прави доставувачот. Тој ја прави хартијата за сублимација со дигитално печатење. Потоа ја пренесува на специјално обложен не’рѓосувачки челик. Со нанесување пареа на бојата и со дополнителен слој за фиксирање, печатот добива особено висок квалитет. Исто така, овој процес го прави дизајнот отпорен на гребнатини.

Дизајн на стаклена врата и печатење врз екран

Налепниците со соодветниот мотив се нанесуваат директно на стаклената врата. Во „непостојана“ варијанта, налепницата може да се одлепи во секое време и да останат видливи траги.

Посакуваниот мотив се гравира на внатрешната страна од стаклото. Вградените енергетски ефикасни LED-светла во вратата ефективно го осветлуваат брендот; се создава хармонизирана слика. Со помош на лентикуларна фолија кај оваа техника може да се постигнат 3D-ефекти. Постапката е соодветна за уреди од линиите FKv 50 и FKv 30.

Кај екрани со заднинско осветлување, брендираната налепница се истакнува уште подобро.

Производство во Лиенц

Liebherr годишно произведува околу 2,2 милиони ладилници и замрзнувачи и е дел од водачите на европскиот пазар. Скоро една четвртина од овие уреди потекнува од Лиенц (Австрија). Локација Лиенц

Дополнителна опрема од Liebherr за фрижидери за сладолед и пијалаци

Фиоки за лименки и шишиња

Благодарение на практичните фиоки за шишиња, купувачот може во секое време лесно да пристапи до пијалаците. Кај моделот FKDv 43 фиоката се извлекува на телескопски шини, со што се олеснува надополнувањето.

Изложна преграда

Изложните прегради се ставаат на предната страна на полиците. Опремени со ознаки за цени и бар-кодови, видливо ги прикажуваат сите важни информации.

Заштитна преграда

Заштитната преграда овозможува безбедност при транспорт. Го штити кондензаторот од удари на задната и на долната страна од уредот.

Заштитна преграда со заштита на екранот

Специјалната преграда го штити осветлениот екран. Особено практична при чест транспорт: Преградата може да се преклопи на назад по поставување на уредот. Со тоа го заштедувате демонтирањето.

Ладилници за пијалаци

Ладилниците од Liebherr се соодветни за скоро сите потреби. Големиот избор на модели и дополнителна опрема помага да го најдете соодветниот уред за секоја намена. Ладилник за пијалаци од Liebherr

Индивидуално обликувани уреди за вашата трговска марка

Liebherr нуди бројни можности да поединечно и привлечно да ги брендирате вашите ладилници. Притоа можете да изберете од линија на модели и разни постапки за печатење.

По ваша желба развиваме уникатен концепт на уредите, за да биде соодветен на вашиот корпоративен дизајн. Притоа ги усогласуваме сите детали. Хармонизираната слика ја истакнува пораката на вашата трговска марка, го засилува впечатокот на трговската марка и го зголемува факторот на препознатливост.

  • Индустриски апарати

    Без разлика дали се потребни за угостителство, трговија или лабораторија - комерцијалните фрижидери на Liebherr ги исполнуваат барањата на професионалците. Уреди за професионална употреба

    Социјални медиуми

    Liebherr е на социјалните медиуми: Станете дел од нашата заедница и добивајте не само поддршка во случај на сервисирање, туку и совети и трикови за совршено складирање на храната. Liebherr во социјалните мрежи